18 ПОЧИНАТИ И 417 НОВИ ЗАРАЗЕНИ: Црн ден за Црна Гора
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 08 Март, 2021
Денеска е црн ден во Црна Гора, затоа што во последните 24 часа 18 луѓе починаа поради коронавирусот. Ова е најголем број на жртви за еден ден од почетокот на епидемијата.
Вкупно 417 новозаразени случаи на инфекција со Ковид-19 биле дијагностицирани од следниве општини: Подгорица 153, Никшиќ 79, Улцињ 33, Бар 26, Бело Поље 26, Плевља 23, Херцег Нови 15, Будва 14, Котор 11, Цетиње 11, Тузи 10, Беране 8, Тиват 4, Даниловград 1, Андријевица 1, Колашин 1, Беране 1. Вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата е 1.085. Вкупниот број на активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора е 8.969. Властите размислуваат за целосно затворање. Лани Црна Гора ја победи короната, но потоа вирусот повторно се појави и зема замав.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.