18 ПОЧИНАТИ ЗА ЕДЕН ДЕН: Повеќе оздравени од новозаболените и ова деноноќие
Објавено во: Македонија 28 Мај, 2021 15:07
Нови 50 позитивни случаи се регистрирани во последните 24 часа, објави денеска Министерството за здравство. Направени биле 2.955 тестирања. Најмногу новорегистрирани се во Скопје повторно, а починале дури 18 лица.
Од новозаболените од Скопје се 27, Куманово – 5, Прилеп – 4, Гостивар – 3, Тетово, Велес, Штип и Кичево – по 2, Струмица, Гевгелија и Виница – по 1.
Регистриран е 81 оздравен пациент, а статистиката за починати повторно е поразителна. Од 18 кои ја изгубиле битката 8 лица се од Скопје (имаат по 63 ,67 ,69, 72, 72, 77, 80 и 88 години), 3 лица од Тетово (75, 76, 78 години), 2 лица од Битола (84 и 88 години) и по едно лице од Прилеп (68 години) Кавадарци (79 години), Кочани (74 години), Радовиш (80 години) и Дебар (55 години).
Од пријавените, 7 лица се починати во домашни, а останатите 11 во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 788.300 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.217, бројката на оздравени пациенти е 147.381, на починати е 5.387, а бројот на активни случаи изнесува 2.449.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“





