17 Декември, 2025
0.0501

20 македонски производи ќе се тестираат во супермаркетите во Индонезија

Објавено во: Економија 18 Јули, 2013 13:47

Добивај вести на Viber

Продолжува економската соработка помеѓу Македонија и Индонезија. Извршниот директор на Македонскиот совет за надворешна трговија Азија - Пацифик, Владимир Кофчегарски, на средба со претставници од Стопанската комора на Индонезија – Кадин, се договори, 20 македонски производи, кои имаат Халал Сертификат да се тестираат во наредните денови во еден од најголемите синџири на супермаркети во Индонезија. Меѓудругото, на средбата се разговарало и за инвестициските потенцијали на Македонија, како и за намалувањето на трговскиот дефицит од 100 милиони кој Македонија го бележи со Индонезија. - Оваа посета се одржи со цел да се продолжи она што го започна Министерот за надворешни работи Никола Попоски, од страна на македонската влада. Нашата примарна цел е намалување на трговскиот дефицит, а воедно и презентација на Македонија како поволна инвестициска дестинација за индонезиските компании, како и промоција на туристичките потенцијали на нашата земја - изјави Кофчегарски. Индонезија претставува економски лидер во Југоисточна Азија со годишен раст од 6,8% и популација од 250 милиони жители. Растот на економијата се должи на државната интервенција, каде 160- те корпорации во сопственост на државата, претставуваат основа на индонезиската економија. Покрај состанокот со Стопанската комора, Македонскиот совет за надворешна трговија имаше одделни средби со неколку клучни инвеститори кои се заинтересирани за влез во Европа преку Македонија. - Имавме средба со некои потенцијални инвеститори, каде ја презентиравме Македонија како одлична дестинација, односно како влезна врата на индонезиските компании во Европа. Веќе добивме најава за посета во октомври годинава, каде на лице место ќе се уверат во нашите потенцијали и можности од каде нивните производи ќе можат да се пласираат во, според нив, лукративниот Европски пазар - додаде Кофчегарски. Со оваа посета, Македонскиот совет за надворешна трговија Азија – Пацифик, го заврши двомесечното роуд шоу во Филипините, Тајланд, Виетнам, Малезија и Индонезија каде Македонија е презентирана како одлична дестинација за инвестиции.

Можеби ќе ве интересира

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар