25 Април, 2024
0.0618

2017 Година на правдата?!

Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Нови предизвици  во годината што доаѓа. Решавање на отворените прашања  кои се идентификувани во итните реформски приоритети - заробената држава,  нивото на корупција, партизираноста на државата. 2016- тата беше година на политичка неизвесност која ја одбележаа изборите, но и мноштво политички превирања, година во која очекувањата за демократски реформи ни се намалуваа, за на крајот кредибилните избори да ни станат внатрешно најмалиот заеднички именител –вели за Фактор политикологот Симонида Кацарска, од Институтот за европска политика.

Последните извештаи на ЕК  ги нотираа проблемите околу работата на СЈО, нереализираните реформски приоритети како клучни за излез од кризата и препораката за отпочнување на преговори кои сериозно ќе влијаат на политичките математики. Европа од новиот владин состав ќе очекува конкретна стратегија за остварување на итните реформски приоритети со точни рокови и листа на конкретни активности. 

“Од 2015 година ЕК во своите извештаи примени значително подиректен пристап и нотираше недостаток на политичка волја за реформи, како своевиден преседан во нивните изјави. Ова не треба да не изненадува, имајќи во предвид дека во клучни области како што се реформите на правосудството веќе две години по ред ЕК нотира уназадување. Критиките пак кои дојдоа од адреса на фондацијата Конрад Аденауер, т.е. “сестринската партија” до  ВМРО-ДПМНЕ  се значајни бидејќи претставуваат своевиден пресврт. Токму таа сестринска партија историски даваше значителна поддршка за ВМРО - ДПМНЕ долго време, а испрати свои претставници и пред изборите на 11 декември. Имајќи во предвид дека таа фондација инвестирала средства и време во кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, веројатно е проценето дека е дојден моментот да се разговара за што и со кого понатаму”- објаснува Кацарска.

Преговарањето и наоѓањето на заеднички решенија според неа  се клучни состојки на секој демократски политички процес.

Минатата  бурна и незивесна година на политички план донесе остра реторика на ВМРО-ДПМНЕ преку прогласот за директно мешање на дел од амбасадорите и меѓународната заедница во внатрешната политика на земјава.  Кацарска вели дека директни посочувања кон меѓународната заедница не и одат на прилог на имиџот на земјава. 

“Таквата реторика несомнено загрижува, особено во услови на исклучителна поделеност на македонското општество која ја видовме и во резултатите од изборите на 11 декември. Воедно, не смее да заборавиме дека политичките елити ја носат примарната одговорност за (не) демократскиот развој на општеството”- потенцира политикологот од Институтот за европска политика.

Република Македонија  како што вели е подолго време “заглавена” на евроатлантскиот пат. Промените во политичката структура според Кацарска  пред се треба да дојдат одвнатре притоа зголемувајќи го капацитетот на политичките партии за внатрепартиска демократија и дебата.

“За жал досега нашите партии не покажале значаен капацитет за нив. Останува да видиме дали и какво влијание ќе имаат  врз членството и дали ќе се смогнат сили за такви промени. До 2015 година примарниот официјален проблем беше спорот со името, но од оваа последна криза во која сеуште сме наоѓаме списокот на пречки стана подолг. Денес, за отворање на преговорите за членство дополнително е потребно и да се работи на функционирање на владеење на правото и да се поправи оценката за заробена држава. Несомнено, мора да бидеме свесни дека регионално каскаме зад Србија и Црна Гора кои сериозно работат на преговорите за членство, додека ние се оддалечуваме”- додава Кацарска.  

Покрај сите проблеми и предизвици,  јавноста според неа  во висок процент ја поддржува европската интеграција на земјата, креирајќи притисок врз политичките елити да работат за истата, т.е. кон исполнување на критериумите за членство. 

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот