2.100 Граѓани од странство ќе бидат вратени со чартер летови
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 25 Март, 2020
До МНР се обратиле 5.000 граѓани кои
побарале помош да се вратат во земјава, но, 2.100 од нив се согласиле со
поставените услови и ќе се вратат организирано со чартер летови. Тие ќе треба
да си ги платат авиобилетите и да прифатат да поминат во карантин 14 дена што
го покрива државата.
На сите пријавени, од МНР ги инфорирааѕ дека заради кризата ќе треба да имаат извесен надомест за трошоците за чартер летот и дека ќе треба да прифатат да поминат двонеделен карантин.
Најмногу ќе бидат вратени од Европа, односно од Германија. Се чека уште само да се избере авиокомапнија која ќе ги организира чартер летовите, а основен критериум за јавната набавка е најниската цена. Лицата ќе бидат преземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз до местата определени за државен карантин.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.