28-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ИМА ТРОМБОТИЧНА РЕАКЦИЈА: Примила прва доза на АстраЗенека во Србија, на пунктовите денеска 20% од пријавените не дошле
Објавено во: Македонија 31 Март, 2021 12:22
Министерот за
здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција по повод стартот на
масовната вакцинација соопшти дека одлуката да не се вакцинираат лица под 60
години со АстраЗенека е од претпазливост.
-Ние одлучивме да бидеме внимателни и да одием полека но сигурно и во таа смисла ќе чекаме дефинитивна потврда дека вакцината е безбедна. Веќе денеска од Германија има други најави дека ќе се продолжи со вакцинацијата, но по направена косултација со лекар. Затоа сакаме да бидеме навистина претпазливи. Денеска имаме закажани состаноци со Комисијата за безбедност при Агенцијата за лекови, МАЛМЕД, со која што сакаме да размениме соодветни информации, евентуално до Европската Агенција за лекови и деректно до германското министерство за здравство, рече Филипче.
Иако се ретки, сепак се јавуваат тримботични реакции по примање на првата доза од вакцината, нагласи министерот, и посочи дека кај нас има веќе еден таков случај.
-Станува збор за тромботична реакција како резултат на вакцината од АстраЗенека кај помлади луѓе, тоа е всушност една реакција на тромбоцитите после што се создаваат мали згрутчоци во крвта. Станува збор за исклучително мал број на случаи, некаде од 1 на 120.000 до 1 на 1.000.000, но повторно ќе кажам, иако се ретки, ние сакаме да бидеме многу претпазливи. Имајќи предвид дека еден дел од граѓаните се вакцинираше минатиов период во Србија, сакам да кажам дека засега нема никакви препораки дека нешто превентивно треба да се прави ако некој ја примил првата доза на АстраЗенека. Станува збор за многу ретки случаи. Кај нас има досега регистрирано еден случај на девојка која што има 28 години и таа од вчера се наоѓа на болничко лекување со таков тромботичен ефект кој што се поврзува со примена една доза на АстраЗенека. Вакцината ја примила во Србија, нагласи министерот.
Во однос на денешниот старт на вакцинацијата, Филипче истакна дека се се одвива според планот, дека не треба да се создава паника, но истовремено нагласи дека дел од граѓаните кои имале закажано за денеска, не дошле во некои од вакциналните пунктови.
-Околу 20 отсто од закажаните за вакцинација во еден дел од пунктовите денеска не дојдоа да се вакцинираат, рече Филипче.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




