18 Декември, 2025
0.0756

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2025 16:36

Добивај вести на Viber

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски објави дека едногласно е избран за претседател на ЗЕЛС. 

Генералното собрание на ЗЕЛС се одржа денеска и тој ја доби довербата. 

„Од срце им се благодарам на членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС за укажаната доверба, заедно со моите колеги, двајцата нови потпретседатели, Изет Меџити и Горан Герасимовски. Уверен сум дека пред нас е успешен мандат кој ќе остави значаен белег во унапредувањето на локалната самоуправа и во продлабочувањето на децентрализацијата. Овој оптимизам го темелам на неколку клучни причини. Прво, изминаа дваесет години од започнувањето на процесот на децентрализација, период во кој локалната власт созреа и се изгради јасна визија за неопходните реформи. Второ, во овој мандат располагаме со значаен човечки потенцијал и искуство, повеќе од половината градоначалници имаат најмалку еден мандат зад себе, а меѓу нив и колеги со долгогодишен континуитет. Трето, искуството од енергетската криза покажа дека кога сме обединети во рамките на ЗЕЛС можеме да изнајдеме решенија и да се справиме со најтешките предизвици. За разлика од минатото, денес имаме јасна поддршка и партнерски однос со Владата и Премиерот Христијан Мицкоски, што резултира со ревидиран Меморандум за соработка и видлив инфраструктурен развој во општините. Четврто, ЗЕЛС претставува стабилна и инклузивна заедница во која сите општини настапуваат рамноправно, без разлика на политичка, етничка или верска припадност. Преку документот „Систематизирани ставови на ЗЕЛС“ и новата Стратегија за периодот 2026-2030 година, јасно ги дефинираме приоритетите и подготвено настапуваме во дијалогот со централната власт“, пишува тој. 

Во изминатиот период активно учествуваа во подготовката на измените на Законот за локална самоуправа.

„Во наредниот период фокусот ќе биде ставен на посериозна децентрализација, особено во областа на социјалната заштита, како и на обезбедување поголема финансиска стабилност на општините. Ќе продолжиме со лобирање за поголем удел на општините во јавните приходи, подобра наплата на сопствените извори и понатамошен развој на електронските услуги“, додава Ѓорѓиевски. 

Вели дека пред нив сега има уште важни прашања на кои ќе треба да се посветат. 
фото Фејсбук/Орце Ѓорѓиевски

Можеби ќе ве интересира

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема