2.9% камата со станбениот кредит на Силк Роуд банка
Објавено во: Мои пари 17 Февруари, 2017 13:11
Најниска фиксна и променлива каматна стапка на станбен кредит нуди СилкРоуд банка. Станува збор за фиксна каматна стапка од само ЕУР 2,9%/, за првите 3 години и променлива каматна стапка од 5,85% за останатиот период. Покрај најниската каматна стапка, станбениот кредит на СилкРоуд Банка нуди и низа други поволности кои овој кредит го прават достапен за секого. Во промотивниот период до 31 март, кредитот може да се добие без надоместок за аплицирање, без трошоци за администрирање на кредитот и без трошоци за проценка на имот, ова е моментално најповолниот станбен кредит во земјава од СилкРоуд Банка.

„Како банка сме приврзаници на модерните принципи во банкарското работење и создавање на производи што се многу подостапни и вистински поволни за граѓаните. Во нашето работење потребите на граѓаните се ставени во преден план и овој станбен кредит со ниската каматна стапка и останатите поволности за одобрување го потврдува токму тоа. Со ставање во функција на сите ресурси на банката и понатаму остануваме на истата патека, преку иновативност и флексибилност подобрување на нашите производи со што ќе oстанеме банка блиска до граѓаните и воопшто банка што ќе влијае за подобрување на пазарот“, изјавија од Службата за производи и поддршка на продажбата
Со станбениот кредит можете да аплицирате за сума до 150.000 евра, со максимален период за отплата до 30 години. Пред одобрување на кредитот е за еден ден, а одобрените средства можат да бидат наменети за купување нов стан или куќа, за реновирање, за купување градежни материјали, како и за рефинансирање станбени кредити од други банки.
Граѓаните можат да аплицираат преку експозитурите на СилкРоуд Банка, каде можат да ги добијат и подеталните информации. Промотивниот период за аплицирање за кредитот и со тоа за одобрување без провизија е најдоцна до 31ви март.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




