3 милиони евра за новиот акцелератор на Клиника
Објавено во: Мои пари 11 Април, 2013
Денеска на Клиниката за радиотерапија и онкологија беше промовиран новиот акцелератор. За него беа потрошени околу три милиони евра од кои 2,7 милиони евра за апаратот и околу 300 илјади за адаптација на бункерот во кој е сместен.
Според најавите следната година ќе се распише нов тендер за набавка на 2 нови акцелератори, бидејќи старите се веќе дотраени.Во Битола веќе е почната градбата на бункерот, додека во Штип наскоро ќе започне изградбата на местото каде ќе биде сместен апаратот.
Набавката на новиот акцелератор е дел од владиниот проект за опремување на здравствените установи со медицинската опрема во вредност од околу 100 милиони евра.