3 пријави за царинска измама при увоз на електрична енергија
Објавено во: Економија 05 Ноември, 2012 15:31
Како што соопштуваат од Управата, во првиот случај, трговско друштво од Скопје избегнало плаќање на царински давачки во вкупен износ од околу 79,4 милиони денари. Притоа е констатирано дека за потребите на пријавеното правно лице, во текот 2011 и 2012 година, преку електро - преносниот систем биле испорачани вкупно 154.790 MWh електрична енергија. Утврдено е дека дел од увезената електрична енергија е бесправно отстранета од царински надзор без да бидат платени царински давачки во износ од 71,6 милиони денари. Исто така, пронајдени се и анекси кон генералниот договор за купопродажба на електрична енергија каде единечната цена за MWh по која била купена електричната енергија била значително повисока споредено со единечната цена по која истата била декларирана, па на тој начин избегнато е плаќање на царински давачки во висина од 7.8.милиони денари.
Во вториот случај, соопшуваат од Управата, констатирано е дека трговско друштво од Скопје избегнало плаќање на царински давачки во вкупен износ од околу 30 милиони денари, за што се донесени две решенија за дополнителна наплата на царински долг, додека во третиот случај, донесени се решенија за дополнителна наплата на царински долг износ од 3,5 милиони денари, за електрична енергија за која не се поднесени царински декларации за пуштање во слободен промет и не се платени давачките, а со дополнителна контрола е утврдено дека стоката е пуштена во слободен промет. Царонските измами се откриени при проверка и споредба на количините на оцаринетата електрична енергија во Република Македонија со податоците за количините на увезена, извезена и транзитирана електрична енергија, за период 2010-2012 година.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември





