30 компании заинтересирани за закуп на земјиштето кое му припаѓаше на Субрата Рој
Објавено во: Агробизнис 23 Април, 2015 15:06
Триесет компании се заинтересирале за закуп на земјиште во Џумајлија.
Според информациите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостпанство, заклучно со вчерашиот ден кога беше крајниот рок за за јавниот повик за изразување на интерес за закуп на земјиштото во агрокомбинатот Џумајлија, вкупно 30 компании доставиле писмо за интерес, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Од нив 14 се странски, односно пет компании се од Италија, пет од Турција, и по една од Германија, Шпанија, Косово и Бугарија.
На повикот се јавиле и 15 домашни компании и една компанија со мешовит капитал.
-Компаниите главно се заинтересирани за една или за две географски целини.
Целта на овој повик беше да се идентификуваат заинтересираните страни и да се согледа нивниот интерес за видот на производството.
По анализите на доставените планови, односно големината на инвестицијата, број на вработување и планираниот приход по единица површина, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе објави јавен оглас на кој ќе можат сите компании кои ги исполнуваат условите (без разлика дали претходно пројавиле интерес), да аплицираат и да учествуваат во електронско наддавање, велат од министерството за земјоделство.
Земјоделското земјиште на Џумајлија е со вкупна површина од 4.435 хектари кои се наоѓаат во 14 катастарски општини и се групирани во четири географски целини со големина од 1.000 до 1.200 хектари.
Компаниите имаа обврска да достават бизнис план со износ на вкупните инвестиции, опис на применетите технологии, спецификација на механизацијата, и планираниот број на вработени по години. Засега нема информација кога ќе биде објавен јавниот оглас за издавање под закуп на земјиштето.
Земјиштето се продава откако се раскина договорот со индискиот бизнисмен Субарата Рој.
Претходно земјиштето на агрокомбинатот Џумајлија му припаѓаше на индискиот бизнисмен Субарата Рој.
Но, по две години по најавените милионски инвестиции на Рој во Џумајлија, нивите останаа празни, а не дојдоа ниту кравите.
Земјиштето Рој го доби во 2013 –та година , а лани ресорното инистерството го раскина договорот со компанијата на Рој “Сахара Индиа Паривер”, бидејќи компанијата не ги испочитувала условите од договрот.
Министерството ја активираше и банкарската гаранција во износ од 3 милиони евра. И тогаш од компанијата на бизнисменот изјавија дека се во преговори за проектот за млекарница и дека активирањето на гаранцијата ќе има негативно влијание врз целиот проект.
Од “Сахара Индиа Паривер”, посочуваат дека се чекале инструкции од Индија, за понатамошните инвестициски активности во земјава. Не добивме конкретен одговор дали е пропаднат и проектот за млекарницата.
Во врска останатите инвестиции на бизнисменот, како изградбата на споменик на Мајка Тереза на Плоштадот во Скопје, од компанијата не упатија да се обратиме во министерството за култура, а за инвестицијата во хотелот Славија во Охрид велат дека годинава очекуваат да биде завршена.
Се пропуштија неколку реколти додека се чекаа инвестициите на Рој. Овчеполието важи за втора најголема житница во земјава, и затоа е важно земјата во овој регион да се обработува. Но, откако Рој ја најави инвестицијата до раскинувањето на договорот ни педа од земјата не беше обработена.
Агроекспертите веќе укажаа дека додека се чекаа инвестициите на Рој, се пропуштија неколку реколти, за е погубно за земја која троши милионски суми за увоз на храна.
-Добро е што конечно ќе се продава ова земјиште, кое е доста плодно. Досега се пропуштија речиси четери реколти, што е лошо за земја како Македонија која е голем увозник на храна. Таа земја во овчеполитео треба да се обработува, од таа земја треба да има производство. Сметам дека сега треба брзо да се реагира, да не се калкулира многу со цените, да се продаде побрзо земјиштето барем до мај, за да не се пропушти и оваа реколта. Се работи за голема површина и тој што ќе ја добие треба да има голем капитал, да вложи во механизација, обработка, луѓе. Најавените инвестиции на бизнисменот Субрата Рој беа мегаломански и преамбициозни и јас уште тогаш кажав дека се нереални и неостварливи и еве тоа се потврди, вели агроекономистот Борис Анакиев.
Според условите од догворот Субрата Рој требаше да го добие земјиштето во Џумјалија под концесија во времетрање од 15 години за надомест од 121.000 евра, со опција за продолжување на договорот за уште 15 години со непосредна спогодна.
Рој најави вработувања на 2.000 лица, увоз на 20.000 млечни крави, млекарница која требаше да произведува 80.000 литри млеко дневно.
Вредноста на целата инвестиција која беше најавена како стартешки земјоделски проект требаше да изнесува 211 милиони евра.
Договорот беше склучен во јули 2013 –та година и првата жетва требаше да биде во мај лани, а веднаш потоа да се набават кравите.
За производството ќе му следуваа и државни субвенции. Но ништо од најавеното не се реализираше.
Индискиот бизнисмен Субрата Рој во неговата матична земја Индија заврши во затвор, а индискиот Врховен суд го товари за измама тешка 4 милјарди долари на 2 милиони граѓани преку продажба на недвижности.
Во обвинителната постапка му беше му беше замрзнат имотот, а пред да биде уапсен му беше забрането да ја напушта земјата.
Во обид да најде пари за кауција и да го плати долгот бизнисменот почна да продава и дел од неговите највредни хотели.
Од македонската влада уверуваа дека апсењето на Рој нема да негативно да влијае врз најавените инвестиции во Македонија.
С.Т
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





