Добивај вести на Viber
Вечерва во Прилеп се оддржува хуманитарен концерт за обнова на манастирот Трескавец во Центарот за култура „Марко Цепенков“.
На концертот ќе се претстават професорите од основното музичко училиште „Ордан Михајлоски - Оцка“ , а ќе бидат изведени композиции на класична музика, џез, блуз, латино, боса нова, етно, поп, рок, танго и народни ора. Влезниците имаат симболична цена од 50 денари.
Утревечер пак, Прилепскиот театар ќе ја изведе претставата „Многу врева за ништо“ од Шекспир, а во режија на Ива Милошевиќ.
Сите средства од влезниците ќе бидат искористени за обновата на изгорените конаци од манастирот.