05 Декември, 2025
0.0352

Ако сака во ЕУ, Србија мора да го намали процентот на афлатоксин во млекото!

Објавено во: Агробизнис 02 Март, 2013 10:05

Добивај вести на Viber

Ако не се врати дозволеното ниво на афлатоксин на 0,05 микрограми на килограм млеко, Србија нема да исполни една од обврските во процесот на интеграција во ЕУ, порачува Делегацијата на ЕУ во Србија. Како една од причините зошто Владата смени правилата, според министерот за земјоделство, Горан Кнежевиќ е тоа што оваа одредба не е обврзувачка на листата на услови за пристапување во ЕУ. Ова тврдење за српски „Блиц" го демантираат од Делегациата на ЕУ. „Усогласување на српската легислатива со регулативите на ЕУ е дел од процесот на европска интеграција и пред да влезат во ЕУ и во Србија ќе мора да се применува овој стандард во системот и стандардите за храна“, посочуваат од Делегацијата. Тие наведуваат дека во случај Србија да одлучи да го зголеми дозволеното ниво на афлатоксини во млекото, ова млеко нема да ги исполнува стандардите потребни за извоз на пазарите на ЕУ. Инаку пред два дена, српската Влада одлучи да го промени Правилникот за дозволената количина афлатоксини во млекото од сегашните 0,05 микрограми по килограм, на 0,5, како што беше до пред две години. Спорен увозот на српско млеко во Македонија и Црна Гора од Агенцијата за храна и ветеринарство информираа дека нема да се менува Правилникот за општите барања за безбедност на храната, односно максимално дозволените концентрации на овој афлатоксин во млекото во државата ќе остане на дозволеното ниво од 0,05 микрограми на килограм. Во исто време нема да биде забранет увозот на млеко и млечни производи од Србија, односно ќе биде дозволен увоз само на производи кои ги адоволуваат стандардите за квалитет на млекото, согласно со македонскиот важечки правилник. Вчера,исто така и  Црна Гора му забрани увозот на млеко кои не ги исполнува еврпопските стандарди независно од која земја доаѓа.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?