02 Мај, 2024
0.0254

33 години традиција - Олимпиа Моторс - 100% ориентирани кон грижата на возилата на нашите клиенти

Објавено во: Мои пари 18 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Нашите фамилијарни почетоци пред 33 години беа врвни сервис услуги, затоа денес притискаме рестарт и почнуваме повторно одново! Истражувањето и анализата на Олимпиа Моторс во изминатата година јасно покажа дека денес секој може да продава возила – особено нови, бидејќи клиентите се поедуцирани од кога и да е и точно знаат што бараат, а како највлијателен фактор е цената. И поради наведените факти, клиентите веќе однапред имаат донесено одлука дали ќе возат ново или половно возило и најголемата своја потреба ја гледаат од имање на добар сервис. Тоа за нас беше и повеќе од доволен показател каде да го пренасочиме целосниот фокус.

Целта на Олимпиа Моторс е да изгради сервис за ОПЕЛ возила со премиум квалитет, во кој ќе ги надмине сите бариери со кои се соочуваат клиентите денес кога треба да го сервисираат својот автомобил – особено делот на доверба и транспарентност во работењето.

„Анализата ни покажа дека досегашното време инвестирано во продажба, е многу паметно и корисно, комплетно да го насочиме во сервисното работење со цел нудење на поквалитетна услуга и безбедни возила на највисоко ниво. Токму затоа нашата посветеност кон клиентите преку 70% во продажба и 30% во понатамошна грижа, го менуваме на 30% во продажба и 70% во нега на возилата на нашите клиенти. Олимпиа Моторс наскоро ќе стане првиот независен овластен сервис за Опел со премиум квалитет во Македонија и секако мултибренд каросериски сервис“, изјави Светлана Пљакоска, сопственик на Олимпиа Моторс.

Пљакоска додаде дека истражувањето коe Олимпиа Моторс го спроведе во текот на изминатата година, прикажа јасен показател дека најголемата загриженост кај клиентите се појавува кога станува збор за сервис.

Новитети кои ќе ги понудиме особено за правните лица, чиј возен парк е еден од најголемите трошоци, е “пакет за управување и флит менаџмент систем за одржување и оптимизирање на трошоци на возниот парк”. Истото ќе го направиме преку нудење на соодветни пакети на одржување, целокупно превземање од наша страна на грижата за целиот возен парк од клиентот, генерирање на извештаи во секое време за состојбата на возниот парк и планирани трошоци, преку што ќе понудиме оптимизирање на ресурсите и најдобро решение за компанијата“, напомена Пљакоска.

Со инвестициите направени во 2016 година, Олимпиа Моторс го зголеми капацитетот од дополнителни 30% и досега отвориле 2 нови работни позиции во сервис.

Една од карактеристиките на Олимпиа Моторс Опел Сервисот е 100% транспарентност и следење на поправките на возилата од страна на клиентите преку видео надзор кој со логирање од страна на клиентите имаат пристап до live streaming во сервисот. Дополнително покрај воведувањето на 100% увид во сервисната историја на возилата, а која доста од клиентите кои се ОПЕЛ корисници не ја знаат, се воведуваат и нови унапредени услуги како: 

Експрес сервис со унифицирани цени и закажување на термин веднаш, смарт поправки или мали каросериски флеки и поправки за сите типови возила, 24/7 Olympia Motors Call Centar за сите клиенти со прашања, настанати дефекти или прашања по основ на несреќен случај, бесплатен  Shuttle превоз до работа за нашите клиенти од сервис и други.

Од Олимпиа Моторс најавија и многу нови планови за 2017та година, кои дефинитивно наведуваат дека намерите на компанијата се да развијат сериозно професионален концепт на сервисни услуги. Заменско возило за сите поправки во каросерија, формирање на премиум клуб за лојалност на нашите клиенти и партнери со бенефиции при користењето на нашите сервис услуги, креирање на пријателски круг со осигурителни компании и креирање на полесен процес за процена на штета, како и креирање на канал за комуникација преку кој ќе бидат пренесувани корисни совети за нега на возилата на клиентите се само дел од новитетите кои Олимпиа Моторс Опел сервисот ќе ги овозможи.


Можеби ќе ве интересира

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа