Добивај вести на Viber
На седницата на Собранието на акционери на Македонски Телеком беше усвоена одлука за исплата на дивиденда за 2012 година во вкупен износ од 5.646.607.282 денари или 91,8 милиони евра.
Притоа државата ќе добие 35,5 милиони евра дивиденда од Македонски Телеком. Буџетот ќе се зголеми за овој износ бидејќи Владата поседува 38.69% од акциите во компанијата. Притоа бруто износот по акција изнесува 65.46 денари, од кои физичките лица од земјава кои поседуваат акции во компанијата ќе добијат нето износ од 53 денари по акција.
Исплатата на дивидендата ќе се изврши во периодот помеѓу 17 и 30 април.
Инаку денеска и за нов главен извршен директор на компанијата беше назначен Тило Куш кој ќе раководи со компанијата 4 години, а местото ќе го преземе на 8-ми април.