16 Октомври, 2019
0.0172

37 КАНДИДАТИ НА ВМРО-ДПМНЕ: Меѓу нив има и многу актуелни градоначалници

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2017

ВМРО-ДПМНЕ денеска објави 37  кандидати за градоначалници, од кои повеќето се стари кадри кои и сега ги управуваат општините. 

За Битола, кандидат е Зоран Илиоски, актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија, претседател на комисијата за избор и менување во Собранието, поранешен директор на ЈП „Комуналец“ во Битола, дипломиран електротехнички инжинер. 

Кандидат за Бутел е Дарко Костовски, актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Бутел, дипломиран политиколог, вработен во министерството за труд и социјална политика и актуелен советник во Советот на општина Бутел,  спортист и тренер на македонската Таеквондо федерација

ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Штип го кандидира актуелниот градоначалник, Илчо Захариев, познат фармацевт. 

За Виница, кандидат е Мартин Павлов, актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Виница, лекар со долгогодишен стаж во градот. 

За Чаир кандидат за градоначалник е Нермин Теловска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, специјалист по дефектологија.

Партијата за општина Босилово, го кандидира актуелниот градоначалник, Љупчо Колев. 

За Струга, кандидат е Сеад Солаковски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, лекар по професија. 

„За Свети Николе, актуелниот градоначалник на градот, Зоран Тасев, кој своето работење го одликува со голем број на ветени и реализирани проекти. За Ново Село, актуелниот градоначалник, Блажо Велков, човек со големи достигнувања, и голем број на остварени проекти за Босилово. За Василево, актуелниот градоначалник, Ванчо Стојанов, докажан и квалитетен кадар, со огромен број на реализирани проекти за граѓаните. За Кочани, актуелниот градоначалник, Ратко Димитровски, човек со докажани квалитети, познат и почитуван стопанственик и голем работник. За Ресен, актуелниот градоначалник, Ѓоко Стрезовски, градоначалник кој во изминатиов мандат има реализирано голем број на проекти за Ресен и Ресенско, човек со углед во средината на живеење. За Чешиново Облешево, Горан Зашов, директор на водостопанско претпријатие, почитуван и угледен граѓанин. За Гевгелија, актуелниот градоначалник, Иван Франгов, градоначалник со голем број на реализирани проекти, докажан пред гевгеличани со квалитетна работа. За Македонска Каменица, актуелниот градоначалник, Дарко Митевски, градоначалник кој има остварено голем број на ветувања и направено голем број на проекти. За Дојран, актуелниот градоначалник, Борче Стамов, кандидат со икслучителни квалитети, докажан како градоначалник во својата работа со многу остварени проекти.“ - вели Емил Димитриев. 

Кандидат за Кисела Вода е Јохан Тарчуловски, пратеник во Собранието на Република Македонија. За Зрновци, го кандидираат актуелниот градоначалник, Блаже Станков. 

За Крива Паланка, актуелниот градоначалник, Арсенчо Алексовски, за Охрид, Митко Тилев, доктор специјалист по ортопедија, вработен во специјалната болница Св. Еразмо во Охрид, за Сопиште, актуелниот градоначалник, Стефче Трпковски. 

За Богданци кандидат за градоначалник е Никола Роглев, за општина Маврово Ростуше кандидат за градоначалник е Алим Билали, актуелен претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, за Долнени, Пецо Вајгалевски, актуелен претседател на Општинскиот Комитет. 

За Кавадарци кандидат за градоначалник е Митко Јанчев, познат стопанственик, за Неготино кандидат за градоначалник е Златко Пенков. 

За општина Крушево кандидат за градоначалник е Ѓорги Дамчески. За општина Дебрца кандидат е Игор Трајковски, актуелен градоначалник, за Демир Хисар, исто актуелниот градоначалник, Љупчо Блажевски. 

За Ранковце, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ е Роберт Симоновски, актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ. За Чашка, Зоран Здравевски, актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Чашка, за Јагуновце, актуелниот градоначалник, Тони Коцески, градоначалник. 

За Карбинци, актуелниот градоначалник, Зоран  Минов, за Конче, актуелниот градоначалник, Благој Јованов, за Пехчево, актуелниот градоначалник, Игор Поповски, за Пробиштип, актуелниот градоначалник, Тони Тоневски и за Градско, актуелниот градоначалник, Жанета Чаушевска. 

Можеби ќе ве интересира

МОГЕРИНИ: Сега е моментот да се отворат пристапни преговори со Македонија и Албанија

МОГЕРИНИ: Сега е моментот да се отворат пристапни преговори со Македонија и Албанија

НЕМА ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ОД ЛУКСЕМБУРГ: Појасна слика ќе има в четврток во Брисел

НЕМА ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ОД ЛУКСЕМБУРГ: Појасна слика ќе има в четврток во Брисел

ФОКУС НА ДЕНОТ: Нема одлука за отворање на преговори, Јоханес Хан им се извини на граѓаните

ФОКУС НА ДЕНОТ: Нема одлука за отворање на преговори, Јоханес Хан им се извини на граѓаните

ХАН СЕ ИЗВИНУВА: Одлука за преговори нема

ХАН СЕ ИЗВИНУВА: Одлука за преговори нема

Што бара Франција од Западен Балкан?

Што бара Франција од Западен Балкан?

Криминална група за неколку месеци шверцувала скоро 400 мигранти

Криминална група за неколку месеци шверцувала скоро 400 мигранти

СЕ ЗНАЕ ЛИ ИЗНОСОТ: Блиските на загинатите кај Ласкарци ќе бараат отштета

СЕ ЗНАЕ ЛИ ИЗНОСОТ: Блиските на загинатите кај Ласкарци ќе бараат отштета

Две земји го блокираа планот на Финска за датумот за преговори

Две земји го блокираа планот на Финска за датумот за преговори

ВЕРУВАМ ДО НЕБОТО ДЕКА ЌЕ ИМА ДАТУМ - премиерот Заев уште е оптимист

ВЕРУВАМ ДО НЕБОТО ДЕКА ЌЕ ИМА ДАТУМ - премиерот Заев уште е оптимист