05 Декември, 2025
0.0403

4 индустриски зони во Василево, ќе се откупува и преработува овошје и зеленчук

Објавено во: Агробизнис 13 Август, 2013 20:16

Добивај вести на Viber

Најавени нови инвестиции во третата индустриската зона Василево. Од ресорното министерство денеска обелоденија дека овде ќе никне откупно-дистрибутивен центар за зеленчук и овошје, а е планирана изградба и на повеќе објекти за откуп и преработка на земјоделски производи. Веќе се продадени се девет градежни парцели, а на дел од нив почната е и изградбата. За остатантите се прибираат градежните дозволи, информираше заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски. Исто така беше најавено и дека во Василево ќе профункционира четврта индустриска зона. Ќе се протега на седум хектари, а ќе биде наменета за откуп и дистрибуција на земјоделски производи. Зоната ќе биде понудена на продажба за околу еден месец. „Радува фактот што општина Василево е една од првите општини која ги разбра пораките на Владата и изврши пренамена и урбанизација на земјоделското земјиште во модерна индустриска зона во која веќе се врши откуп и преработка на земјоделските производи. Преку конзервирање и преработка на пазарниот вишок, се гарантира сигурен пласман и повисок стандард на земјоделците“, изјави Коњановски. Инаку во овој реон има две индустриски зони каде се изградени 74 објекти, а  30% од нив се за откуп и дистрибуција на земјоделски производи, а 22 капацитета се во фунакција на аграрот. Во нив се вработени  400 лица, а бројот расте кога се ангажираат сезонските работници, главно во лето.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?