05 Декември, 2025
0.0601

40% од потребната струја во септември дојде од увоз!

Објавено во: Економија 05 Ноември, 2012 13:08

Добивај вести на Viber

Дефицитарното домашно производство на електрична енергија наложи во септември годинава дури 39,5% од вкупните потреби од овој енергенс во Македонија да се задоволат од увоз. Според податоците од државниот електропреносен систем оператор МЕПСО, во септември термоелектраните во земјава покрија 54,5% од потребите за струја, додека хидроцентралите произведоа струја задоволувајќи само 6,3% од потребите. Во првите првите три квартали од годинава пак, државните термоцентрали задоволија 56,6% од потребите за струја, а хидроцентралите само 10,2%. Независните производители продале струја од 4,3% во септември, со што недостигот од 30% за целосно да се задоволат потребите од електрична енергија во Македонија мораа да се увезат. Отсуството на апсолутни бројки за произведената и увезената количина на струја во овој период од годината не дозволува да се пресмета колкав одлив на девизи значи увозот на струја во првите девет месеци од 2012 година. Последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика наложи Евн Македонија од септември да увезува сама струја за потребите на домаќинставата, нешто што до сега го правеше државната ЕЛЕМ.  
Електрична енергија од домашно производство и увоз (јануари-септември 2012 год.)
ХЕЦ (ЕЛЕМ) 10,18%                
ТЕЦ (ЕЛЕМ) 56,56%                
Независни 4,31%                
Увоз 28,95%                
                 
  извор: МЕПСО

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември