Добивај вести на Viber
400 милиони евра директни странски инвестиции (СДИ) влегле во Србија само од почетокот на 2013 година. Ваквиот податок го објави Народната банка на Србија (НБС) од каде што очекуваат успешна година.
„Веќе е јасно дека оваа година ќе биде поуспешна од претходната според нето-приливот на странски директни инвестиции", изјави Снежана Виларет, претставник на НБС за време на презентацијата на Извештајот за инфлацијата од август.
Инаку нето приливот на странски директни инвестиции лани беше наречен "инцидентен", бидејќи резултатот на крајот од годината изнесуваше 232 милиони евра. НБС очекува дека крајниот резултат на нето-приливот ќе биде 700 милиони евра, а најголем дел од парите се очекува да бидат во производство, трговијаи енергија.
Според НБС, во вториот квартал на 2013 година нето приливите на странските директни инвестиции изнесува 139 милиони евра.