УДОБНИ ФОТЕЛЈИ, КРВАВИ УЧИЛИШНИ КЛУПИ: Хрватите бараат подобрување на безбедноста откако млад човек изврши напад
Објавено во: Балкан 23 Декември, 2024 20:16
Откако ментално болно лице пред некој ден уби дете во училиште во Загреб и повреди други лица, хрватските граѓани излегоа на протест и бараат подобрување на безбедноста.
„Сакаме да бидеме светлина на општеството, а не да носиме свеќи“, „Кога една мајка плаче, сите мајки плачат“, „Учителка – храброст“, „Напад на вас е тероризам, а нападот врз децата е инцидент!“, „Удобни фотелји – крвави училишни клупи“, беа дел од транспарентите што ги носеа дел од учесниците.
Организатори на протестот се Хрватскиот наставнички синдикат, Препород и Самостојниот синдикат на вработените во средните училишта, кои потенцираат дека безбедноста во училиштата е заедничка цел и дека е неопходно да се подигне, а маршот го поддржаа и 50 здруженија и мрежи.
На 20 декември, деветнаесетгодишник влегол во основното училиште Пречко и со нож нападнал наставничка и неколку ученици. Во нападот загина едно дете на возраст од 7 години, а ранети се три деца и наставничката. Родителите кажаа дека младиот човек се лекувал на психијатрија и го молеле лекарот да не го пушта дома.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




