ТРАМП ДО ЗЕЛЕНСКИ: Во некои градови нема ниту една куќа, ова е за реконструкција од 110 години
Објавено во: Свет 23 Декември, 2024
Убаво е да се каже дека сакате да си ја вратите земјата, но градовите се главно уништени, вели новиот американски претседател Доналд Трамп за состојбата во Украина.
Трамп му „испрати порака“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски да почне да размислува за прекин на огнот и напуштање на сите територии окупирани од руските војници, пишува шпанскиот весник „Ел Паис“, пренесува УНН.
„Гледате дека во некои од овие градови нема ниту една куќа. Значи, кога ќе речете „вратете ја земјата“… Вратете што? Ова е за реконструкција од 110 години“, вели Трамп.
Украина не сака да се откаже од своите окупирани територии. Руската инвазија на Украина почна пред скоро три години. Трамп ветуваше дека штом ќе стане претседател, брзо ќе ја заврши војната во Украина.
EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT