ДЕЛОВИ ОД БОСНА ВО МРАК: Без струја останаа 200.000 домаќинства
Објавено во: Балкан 23 Декември, 2024 18:08
Снежното невреме остави во мрак многу семејства. Најтешка е состојбата во Унско-санскиот кантон, односно во Бихаќ, Босанска Крупа, Цазин, Сански Мост и Велика Кладуша. Прекинот во снабдувањето со електрична енергија е предизвикан од паѓање на гранки и дрвја на столбовите, како и поради кршење на спроводници под тежината на снегот.
Околу 200,000 домови во северозападниот дел на Босна и Херцеговина (БиХ) денеска останаа без струја поради дефекти.
Електропривреда БиХ од Федерацијата БиХ соопшти дека од 04:00 до 10:30 часот без напојување со електрична енергија останале приближно 180,000 корисници
„Благодарение на брзите интервенции на екипите за електрична инсталација, повеќето дефекти се санирани и во моментов околу 60,000 корисници се без струја“, соопшти Електропривреда БиХ.
Електрокраина од Република Српска соопшти дека снежните врнежи предизвикале дефекти на повеќе од 50 среднонапонски далноводи во дистрибутивната област на таа компанија.
Во Хрватска, Албанија, но и во Македонија, снегот го отежна сообраќајот.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




