20 Декември, 2025
0.0465

5 нешта поради кои немате концентрација на работа

Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2013 12:20

Добивај вести на Viber

Веројатно многу пати сте посакале да правите било што друго, само не задачата која сте ја добиле од надредените. Еве кои се главните причини за тоа, и како да ги совладате: Глад Освен ако не работите во кујна, веројатно често сте гладни на работа. Потребата за храна ви го одвлекува вниманието од она што треба да го сработите. Таа појава е многу раширена меѓу вработените. Нормално, секој од нас мора да јаде, но таа потреба мора да се држи под контрола. Посегнување по грицки најчесто предизвикува стрес, затоа набавете намирници кои ќе ве ослободат од напнатоста, како бадеми, диња, боровинки и брокула. Пријатели Додека сте на работа, едвај чекате да ви заѕвони телефонот да се слушнете со пријателките. Важно е да запомните дека не мора веднаш да реагирате. Нема да бидете лоша пријателка ако се јавите по завршувањето на работното време. Доколку некоја вест е многу итна, ќе бидете известени на вистинскиот начин за тоа. За вистинскиот пријател никогаш нема да биде доцна да се види со вас. Емотивна врска Не е лесно да се биде во врска. Секој сака совршена љубовна врска, но секогаш доаѓа време кога партнерите треба да се прифатат еден со друг, што може да предизвика проблеми во односот. Немојте да се изненадите ако личноста со која сте во врска знае да ве изнервира кога ќе дојдете дома од работа. Фрустрациите предизвикани од вашиот емотивен статус можно е да ги истурите врз колегите на работа. Искористете ја паузата за ручек да се релаксирате, а советите од колегите можат да ви бидат одлична терапија. Размислувате за одмор Сите вработени често размислуваат за одмор, бидејќи мозокот несомнено по извесно време го бара тоа. Дури и вистинските вљубеници во работата некогаш сакаат одмор. Но не треба постојано да мислите на тоа кога ќе одите на одмор. Подобро мислете на начин дека часовите вложени во работата се вложени средства кои ќе ве донесат до целта – мирен и опуштен одмор. Преголеми очекувања Сакате работа која на многу начини ве исполнува, работа која е возбудлива, интересна и полна со предизвици. Но треба да знаете дека луѓето кои постигнале големи цели напорно работеле, а многу малку размислувале за желбите. Разговарајте со успешните пријатели и членови на семејството, така ќе научите нешто од нивното искуство. Вашите желби ќе следуваат после напорната работа.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии