50 МИЛИОНИ ЕВРА ОД СВЕТСКА БАНКА: Oдат за исплата на плати за работниците во приватниот сектор
Објавено во: Економија, Корона Вирус 28 Април, 2020 19:44
Обезбедени 50 милиони евра заем од Светска банка за исплата на плати за работниците во приватниот сектор.
Владата денеска ја усвои Информацијата за реалоцирање на средства од Проектот за поврзување на локални патишта финансиран од Светска банка, во износ од 50 милиони евра, во насока на кофинансирање на владината мерка за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза за исплата на платите на работниците за месеците април и мај 2020 година.
Воедно, на предлог на Развојна банка, Владата денеска ја разгледа и усвои третата информација до Владата на Северна Македонија за обработени компании кои ги исполнуваат условите и критериумите за бескаматни кредити. На вкупно 377 компании со 2.735 вработени, им се одобри користење на бескаматни кредити во вкупен износ од 2.533.892 евра.
Во трите групи заедно, се одобрени вкупно 631 кредитни апликации во вкупен износ од 4,7 милиони евра, за компании со 5,588 вработени.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





