05 Декември, 2025
0.0754

500 деца ќе имаат свој Божиќен ручек

Објавено во: Мои пари 04 Јануари, 2013 14:03

Добивај вести на Viber

По седми пат во организација на Детската амбасада за сите деца во светот со седиште во Прилеп ќе се одржи Божиќниот ручек, на кој 500 деца ќе го прослават Христовото раѓање. Ручекот ќе се одржи во хотелот „Кристал Палас“ во Прилеп во 13:15 часот.

По повод 15-годишниот јубилеј од основањето на Детската амбасада за сите деца во светот, добитници на престижното меѓународно признание Орден за носител на мирот се Марјан Ристески, градоначалник на општина Прилеп, Штерјо Наков – татко на Божиќниот ручек од Фершпед, Страшо Милковски од АГД Гранит, Срѓан Керим, претседател на 62-то Собрание на ООН и д-р Златко Пановски од Веледрогерија „д-р Пановски“.

На овој настан Орденот ќе му се додели на градоначалникот Ристески, додека на следната гала вечер во чест на 15-те години од Детската амбасада и на останатите добитници на ова престижно признание.

- Петстотини деца од целата територија на Република Македонија на заедничка трпеза ќе го прослават Божиќ, денот на Христовото раѓање. На заедничка трпеза ќе седнат деца без родители, деца на загинатите бранители, деца со посебни потреби, како и истакнати деца – членови на Детската амбасада. Децата се од Прилеп, Скопје, Куманово, Старо Нагоричане, Битола, Табановце до Гевгелија и од другите градови ширум државава, рече на денешната прес-конференција Дамјан Стојановски, генерален секретар на Детската амбасада за сите деца во светот.

На оваа божиќна трпеза поканети се и деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката, кои заедно ќе се дружат и ќе празнуваат. На сите деца ќе им бидат доделени пакетчина.

Божиќниот ручек ќе го благослови митрополитот Преспанско-пелагониски, господин Петар. Годинава покрај добитникот на Орденот за носител на мирот, присутен ќе биде и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Вернер Хенгст.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници