05 Декември, 2025
0.0328

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Објавено во: Мои пари 04 Декември, 2025 13:53

Добивај вести на Viber

Во спортскиот центар „Идризово“ во скопската општина Гази Баба засадени се 150 садници донирани од Пивара Скопје. Акцијата беше реализирана во партнерство со Општина Гази Баба, а волонтери од Пивара Скопје активно учествуваа во садењето, покажувајќи дека заедничкото делување носи вистински промени.

„Со оваа иницијатива демонстриравме што значи вистинска посветеност. Како татко на две деца верувам дека не е доволно само да зборуваме за подобри услови,туку дека мора и да ги создаваме. Токму тоа и го направивме овде, за иднината на нашите деца. Благодарни сме на Општина Гази Баба, за нивната отвореност и поддршка. Ова не е само еднократна акција, туку пример за посветено партнерство и доказ дека заедно можеме многу повеќе“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, го нагласи значењето на соработката меѓу локалната заедница и компаниите при реализација на вакви активности кои носат придобивки за заедницата.

„Ваквите иницијативи се пример како јавниот и приватниот сектор можат да работат рамо до рамо за иднината на општината и да придонесат за подобар квалитет на живот и развој на здрави навики кај младите генерации“, истакна градоначалникот Стефковски.

Оваа акција не е само симболична, таа е дел од пошироката стратегија на Пивара Скопје за поддршка на заедницата и заштита на животната средина. 

*ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Од нестандардни депонии до зелени површини: Почиста иднина за Источниот и Североисточниот регион

Од нестандардни депонии до зелени површини: Почиста иднина за Источниот и Североисточниот регион