500 деца на божикен ручек во Прилеп
Објавено во: Мои пари 07 Јануари, 2013 12:18
Детската амбасада за сите деца во светот со седиште во Прилеп по седми пат организираше Божиќен ручек, на кој 500 деца ќе го прослават големиот празник. На заедничка трпеза ќе седнат децата без родители, децата на загинатите бранители, децата со посебни потреби, како и истакнати деца членови на Детската амбасада од цела држава.
Годинава на божикната трпеза поканети се и деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката, кои заедно ќе се дружат и ќе празнуваат.
Организаторите најавија дека сите деца ќе добијат пакетчиња.По повод 15-годишниот јубилеј од основањето на Детската амбасада за сите деца во светот, добитници на престижното меѓународно признание Орден за носител на мирот се градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески, Штерјо Наков од Фершпед, Страшо Милковски од АГД Гранит, Срѓан Керим, претседател на 62-то Собрание на ООН и д-р Златко Пановски од Веледрогерија „д-р Пановски“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници





