54% од Грците ќе гласаат со „НЕ“ на референдумот
Објавено во: Балкан, Економија 01 Јули, 2015 10:07
Според анкета направена меѓу граѓаните на Грција, за време на референдумот во неделата грчките гласачи ќе ги одбијат предлозите кои меѓународните кредитори ги упатиле кон Грција, во рамки на напорите за потпишување на договор, што ќе доведе до доделување на нови средства за финансиските тешкотии.
Според истражувањето објавено во грчкиот весник „Efimerida Ton Synatkton“, 54% од гласачите ќе го одбијат договорот, додека само 33% ќе го поддржат.
Истражувањето е направено во рамките на неколку дена, ГО опфаќа периодот пред и по објавувањето на мерките за контрола на капиталот, кои ги принудија банките во Грција да ги затворат вратите.
Анкетата покажува дека пред воведувањето на мерките 57% од Грците го отфрлиле договорот, додека потоа овој процент е намален до 46%.
Во исто време луѓето кои би гласале за поддршка на договорот со кредиторите, се зголемија од 30% на 37%.
Уделот на воздржани пак се зголеми од 13% на 17%.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




