06 Декември, 2025
0.0291

55 проценти од родителите не ги однеле своите деца на ортопедски преглед?!

Објавено во: Мои пари 24 Јуни, 2013 15:31

Добивај вести на Viber

„Постои мала информираност за сколиозата, како настанува, како да се спречи, кои се последиците, станува збор за сериозно заболување кое се појавува потајно. Многу често децата и покрај започнатиот процес на искривување на ‘рбетниот столб сепак имаат исправен став, а другите симптоми сè уште не се забележливи до тој степен. Затоа најмногу загрижува бројката од 55% кои не го однеле своето дете на ортопедски преглед“, изјави д-р Иванка Стефановска, шеф на одделението за ортопедија во Ремедика.

Сколиозата кај децата е чест здравствен проблем во секоја општина, покажуваат резултатите од спроведеното истражување, во општина Аеродром.

Истражувањето спроведено во оваа општина ги потврди заклуцоците и стравувањата од претходно објавените резултати од општина Центар.

„Продолжуваме со истражувањето иако резултатите од општина Аеродром ја потврдија нашата решеност да спроведеме кампања за зголемување на свесноста од сколиозата. Нашите првични сомневања се потврдија и овој пат дека потребата од таква кампања е огромна.“, изјави д-р Иванка Стефановска, шеф на одделението за ортопедија во Ремедика.

Истражувањето беше спроведено со анкетни прашалници во сите седум основни училишта во општина Аеродром на 2250 испитаници. На прашалниците одговараа родителите на децата од прво до осмо одделение.

“Иницијативата од Ремедика за спроведување на оваа анкета ја прифативме со задоволство затоа што и кај нас постојат некои индикации дека модерните времиња и начинот на живот се причина за појава на вакви искривувања кај најмладите. Резултатите и бројките од ова истражување нѐ уверија во тоа и затоа се надеваме на една заедничка акција и реагирање, родителите, здравствените и образовните институции, а секако и општината. “, изјави Ивица Коневски, градоначалник на Општина Аеродром.

Коневски кажа дека една од примарните цели е вложување во спортот и дека во иднина планираат реализирање на голем број спортски активности кои дефинитивно ќе придонесат за подобрување на здравјето кај децата и превенција од секаков тип на заболувања.

Ремедика врз основа на резултатите од анкетата заедно со заклучоците од секојдневна пракса започна со кампања за подигнување на свесноста кај родителите за сколиозата, а со тоа ќе придонесе кон стопирање на понатамошно искривување на ‘рбетниот столб кај младата популација.

Кампањата ќе вклучува едукација на децата, родителите и воопшто зголемување на свеста за причините, последиците, симптомите и начините за спречување на сколиозата.

.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј