Дали знаете кој зема најголема, а кој најмала плата во Македонија?
Објавено во: Економија 27 Октомври, 2012 08:50
Во телекомуникацискиот сектор во август годинава просечната плата изнесувала 39,749 денари. Во однос на истиот месец мината година платата има зголемување од 0,5 отсто. Неодамна вработените во овој сектор беа на врвот на листата но тоа се должеше на менаџерските бонуси што одредени компании од овој бизнис ги имаа исплатено на менаџментот што влијаеше на кревање на просекот на исплатената нето плата.
Воздухопловци - 39 635 денари
Иако се на листата со највисока плата, на вработените во воздухопловниот транспорт во август годинава платата имала и најголемо намалување на од 14,1 процент. Според Државниот завод за статистика просечна нето плата во овој сектор изнесувала 39,635 денари.
Енергетичари - 37 000 денари
Според Државниот завод за статистика вработените во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација имале нето плата од 37.278 денари.
Фармацевти: Платата на вработените во производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, во август годинава земале нето плата од 35,053 денари.
Најмалку платени комуналците и текстилците 8000 - 12 000 денари?
Вработените во дејностите за санација и останати услуги за управување со отпад, според Државниот завод за статистика се најслабо платените. Во август годинава овие вработени земале нето плата од 8.111 денари.
Следни на листата со најмала нето плата се вработените во текстилната индустрија , производство на облека и производство на кожа каде нето платата во август се движела од 10.117 денари до 10.370 денари.
Дрвопреработувачите пак во август имале просечна нето плата од 12.370 денари.
Во однос на август лани платата на вработените во дејностите кои се занимаваат со подготовка и служење на храна е зголемена за 6,6 отсто. Нивната просечна плата во август годинава изнесувала 12,934 денари .
Градежници од 13 000 до 18 000 денари
Градежниците кои работат на изградба на згради имале просечна нето плата во август од 13,903 денари, додека нивните колеги градежници кои работеле на изградба на патишта имале просечна нето плата од 18,177 денари.
Најмногу е намалена платата на вработените во спортско рекреативните дејности за 25,4 проценти и нивната плата изнесува 15.356 денари,на вработените во коцкарските дејности пплатите во август им се намалени за 14, 9 отсто и нивната нето плата изнесувала 15,356 денари, на вработените во Канцелариско-администратвни и помошни дејности и деловно-помошни дејности платата им е намалена за 19,2 отсто.
Инаку просечната нето плата во Македонија во август годинава изнесува 20.965 денари, објави Државниот завод за статистика. Во истиот месец 2,5 отсто до вработените не земале плата.
С.Н.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава





