67 илјади американски долари за еколошко греење во Беровско
Објавено во: Мои пари 29 Јануари, 2013 13:42
Националното здружение на сопственици на приватни шуми од Берово и Глобалниот еколошки фонд - програма за мали грантови во малешевското село Двориште го промовираа проектот „Намалување на јагленородниот диоксид преку замена на фосилно гориво со биомаса".
Со реализацијата на овој проект во Основното училиште „Дедо Иљо Малешевски“ во Двориште наместо фосилно гориво за загревање ќе се користи дрвен чипс и иверка, кои се добиваат од шумски и дрвен отпад при примарната обработка на дрво, со што се намалуваат емисиите на јаглероден диоксид за 16,14 тони годишно.
Ваквото загревање, покрај еколошките придобивки има и економски ефекти за локалното население и сопствениците на пилани и шуми, а паралелно се овозможува намалување на трошоците и заштеда на буџетски средства, велат организаторите на проектот.
Финансиската подршка за реализација на сите активности заедно со промоцијата на проектот чинеше 67.087 американски долари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker





