70% пад на туризмот во Грција
Објавено во: Балкан 06 Јули, 2015 14:28
Општо земено кризата во Грција се одразува на целиот туризам. Од европски туроператори сме информирани дека во просек дневно има околу 50% отфрлањата на патувања. Ова го изјавил директорот на Институтот за анализи и прогнози за туризам на Бугарија, Румен Драганов, пишуваат бугарските медиуми.
Тој истакнал дека во исто време грчките официјални власти објавиле за 70% пад кон туризмот, што значи дека ќе има поголемо намалување за подоцнежните прогнози. „Грција е дестинација на која дефинитивно бројот на резервации во последен момент е многу голем како процент“, прецизира Драганов и појаснил дека тоа значи дека ќе биде ослободена сместувачката база.
„Информациите што ги добиваме се дека може да се плаќа во бугарски левови на одредени места, каде Грците со задоволство ја прифаќаат бугарската валута, а во исто време ќе се набљудува и зголемениот интерес кон туристите. Конкуренцијата ќе доведе до пад на цените“, прогнозира Драганов и забележал дека Бугарите повеќе не умеат да се пазарат како што го умеат тоа Грците.
„Кризата во Грција се одразува исклучително негативно на патувањата на Грците во странство. Од една страна нивните кредитни картички се блокирани, а од друга - кризата ќе доведе до намалување на можностите на вработените во државната администрација и пензионерите да ги остварат свои патувања, што ќе влијае на намалување на бројот на туристите кои ќе патуваат надвор од Грција , вклучувајќи ја и Бугарија“, појаснил Румен Драганов.
Според него во овој годишен план има 900 илјади Бугари, кои одат кон Грција и околу милион и 100 илјади Грци кои доаѓаат во Бугарија. „Очекуваме да се намалува последицата на оваа неизвесност, која постои во Грција во моментот и очекувањата на политичка и економска криза, која е факт“, додал Румен Драганов.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




