05 Декември, 2025
0.0324

Македонски компании учествуваат на „Светот на храната“ во Москва

Објавено во: Агробизнис 17 Септември, 2013 13:19

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовскиго посети Саемот за свежо овошје и зеленчук „Светот на храната“ во Москва кој е поставен на вкупна површина од 56.240 метри квадратни и преставува можност за воспоставување бизнис односи помеѓу  субјектите на  двете земји.

Со поддршката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство оваа година учествуваат познати 12 компании, меѓу кои Агро-лозар, Вега Мак, Туран, Хина, Бонум, Витаминка, Кадино индустри, Коро, Агрофруктус и други. Поддршката се обезбедува за поорганизиран настап на најизвезуваните македонски земјоделски производи и тоа квалитетното македонско вино и свежиот и преработен зеленчук и овошје на пазари на кои е недоволно промовирано македонското земјоделско производство.

Министерот Димовски, соопшти денеска МЗШВ, го посетил македонскиот штанд, каде што на средба со македонските изложувачи, нагласил дека ваквите саеми претставуваат одлична можност за стопанствениците за остварување деловни контакти. Тој истакнал дека Министерството за земјоделство ќе продолжи да ги поддржува настапите на македонските фирми на поголемите и поважни саеми за земјоделство и храна.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?