9-годишно девојче и нејзиниот татко се меѓу шестмината убиени во терористичкиот напад во Истанбул: Мајката е со тешки повреди
Објавено во: Балкан 14 Ноември, 2022 13:31
Семејството било во Истанбул на веридба на роднина, мајката на девојчето е тешко повредена
Деветгодишно девојче и нејзиниот татко се меѓу шестмината убиени во терористичкиот напад во неделата во Истанбул.
Во неделата попладне, силна експлозија одекна на шеталиште во центарот на Истанбул, што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го нарече „бомбашки напад“.
Меѓу загинатите се Јусуф Мејдан и неговата ќерка Екрин.
Веста за нивната смрт ја потврди министерот за семејства и социјални услуги Дерја Јаник.
„Го проколнувам овој предавнички напад во кој загинаа татко и неговата ќерка. Како земја, ние стоиме со сите средства со семејствата на нашите браќа и сестри кои загинаа и со нашите ранети луѓе. Ниту еден злобен фокус нема да може да го наруши нашето единство и солидарност“, рече таа.
Мејдан, кој работел во Министерството за семејства, со семејството дошол во Истанбул по повод свршувачката на роднина. Во неделата се движеле по улицата каде што се случи нападот.
Јусуф и неговата ќерка загинаа, додека неговата сопруга Мевлиде беше тешко повредена во експлозијата.
Татко и ќерка ќе бидат погребани денеска во Адан, јавуваат турските медиуми.
Семејството требало да се врати дома во недела навечер.
Турските медиуми јавуваат дека семејството во неделата отишло на позната улица на шопинг и разгледување. Додека Мевлида била во продавницата надвор ја чекале таткото и ќерката и во тој момент дошло до експлозијата.
Се додава дека родителите ја оставиле втората ќерка Дерин кај нејзината тетка во Адана кога заминале за Истанбул.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




