19 Април, 2024
0.0265

9 практични совети за како брзо да слабеете без строга диета!

Објавено во: Стил 17 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Според Светската здравствена организација, бројот на лица кои страдаат од дебелина се зголемил три пати во последните 40 години. Скоро секој четврти човек на нашата планета со над 16 години има прекумерна тежина. Не е ни чудо што се повеќе и повеќе луѓе се грижат за нивната исхрана. Се разбира, не секој мора да биде на строга диета, понекогаш само неколку трикови се доволни за да ве задржат од прејадување.

Еве како најлесно да останете тенки без било каков вид на диета.

1. Затегнете го каишот

Пред ручек или вечера, ставете каиш или ремен околу половината. Кога чувствувате дека ви е премногу тесно, време е да престанете да јадете. Овој многу едноставен, но ефикасен трик ќе ви помогне да избегнете прејадување.

2. Пијте од високи чаши

Значително количество калории се внесува не само преку храна, туку и преку пијалоци. На пример, една чаша сок содржи 120 калории и 20 грама шеќер. Ова количество може да се намали ако ги користите вистинските чаши. Во просек, во високи, тесни чаши истураме 20-30% помалку течност отколку во мали.

3. Јадете со тајмер

Едноставно: кога брзате додека јадете, се прејадувате , бидејќи нема доволно време за мозокот да го прими сигналот дека веќе сте сити. Затоа, кога ќе седнете да јадете, поставете го тајмерот на 20 минути и обидете се полека да јадете.

4. Топли купки

Топлата вода не само што ќе ве опушти, туку и ќе ви помогне да изгубите тежина, според истражувачите на Универзитетот Лафборо. За време на студијата што ја изведоа, најдоа дека за еден час поминат во топла бања, согорувате околу 130 калории - како одење 20 минути! Покрај тоа, шеќерот е понизок за 10% по бањата. Зарем не се овие одлични вести?

5. Ставете чинија со овошје на масата

Кога често гледате здрава храна, се програмирате себе си да се храните здраво. Покрај тоа, ова не се однесува само на вистинско овошје и зеленчук, туку и на фотографиите, затоа слободно да ги следите групите кои се занимаваат со здрава исхрана на социјалните медиуми.

6. Седете на крајот од масата

Овој трик е многу важен кога станува збор за вечера со огромна маса и голем број луѓе. Кога седите на маса опкружена со исклучително вкусна храна, речиси е невозможно да се спротивставите на неа. Ако седите на крајот од масата, постои шанса да не јадете бидејќи ќе ви биде тешко да ја дофатите храната.

7. Направете мали ритуали

Повеќето од нас дувале свеќи на торта или отвориле шише шампањ. Се чини дека храната проследена со овие ритуали е некако повеќе вкусна. Истражувачите од Универзитетот во Минесота дојдоа до овој заклучок. Затоа треба да имате навика да направите нешто убаво пред да почнете да јадете. Тогаш варена брокула без сол ќе изгледа како најдобра храна.

8. Сецкајте ја храната на мали парчиња

Овој потег ќе го измами мозокот и ќе создаде впечаток дека има повеќе храна во чинијата отколку што навистина. Поради оваа причина, ќе бидете заситени предвреме и нема да се прејадувате. Наместо ножеви и вилушки, може да користите стапчиња.

9. Користете ја фантазијата

Замислувањето на ручекот ќе ни помогне да јадеме помалку во реалниот живот, велат научниците. За време на студијата, се покажало дека субјектите кои мислеле дека јадат слатки јаделе помалку од другите учесници во експериментот. Значи, можеби нема ништо лошо во замислувањето вкусни ќебапчиња и чоколадни колачи. На овој начин, потсвеста ви помага да изгубите тежина.

Се разбира, сите овие трикови нема да произведат неверојатни резултати без добра исхрана и редовно вежбање. Сепак, ќе ви помогнат да се дисциплинирате и да сте повеќе свесни за тоа што јадете.









Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре