19 Декември, 2025
0.0390

„A1 Academy” го започнува пријавувањето за новиот модул Бизнис аналитика

Објавено во: Мои пари 14 Февруари, 2023 11:19

Добивај вести на Viber

А1 Македонија со гордост најавува продолжување на бесплатната академија за дигитални вештини, “A1 Academy” и од денеска до 27.2.2023г. ја отвора можноста за пријавување на вториот модул – Бизнис Аналитика.

“По успешното лансирање на “A1 Academy”со првиот модул на тема Дигитален маркетинг, нашата иницијатива за неформално образование ја продолжуваме со предавања на нова атрактивна тема – Бизнис аналитика. Учесниците и овојпат добиваат можност да ја реализираат својата пасија за учење и стекнување дигитални вештини, да слушнат реални бизнис примери и да учат од професионалци кои активно работат во оваа област. Академијата е придонесот на А1 Македонија кон младите и заедницата за реално практикување на дигиталните вештини неопходни за современ и модерен живот. Повторно очекуваме голем одзив и подготвени сме да ги споделиме знаењата со младите луѓе на кои им е потребно детално познавање од модерните тематики”, изјави Елена Димовска, раководителка на  одделот за корпоративни комуникацииво А1 Македонија.

Сите млади на возраст од 18 до 25 години кои сакаат да бидат дел од целосно бесплатната “A1 Academy” и вториот модул – Бизнис аналитика, потребно е да пополнат апликација, достапна на следниот линк. Сите пристигнати апликации ќе бидат детално разработени, а селекцијата ќе биде направена врз основа на мотивациско писмо, желбата и мотивот на кандидатите. Вториот модул започнува на 7ми март 2023 година.

По завршување на секој модул од Академијата секој учесник добива сертификат за стекнатото знаење.

Академијата е продолжување на активностите на А1 Македонија во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење, обединета под мотото „За подобар свет“.

Сите информации за академијата можете да ги најдете на официјалната веб страница на линкот.

*Пр објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии