19 Декември, 2025
0.0356

A1 Cyber Backup, напредна услуга за сајбер заштита на податоци

Објавено во: Мои пари 03 Октомври, 2022 12:28

Добивај вести на Viber

Заштитата на податоци е една од најважните задачи за да се обезбеди успех во бизнисот и негов непречен континуитет. Како доверлив партнер на деловните корисници, А1 Македонија, дел од А1 Телеком Австрија Групацијата, заедно со својот стратешки партнер Acronis ја проширува својата понуда со нова услуга за сајбер безбедност што вклучува најсовремен начин за креирање резервни копии на податоците (backup) и разновидни безбедносни контроли.

A1 Cyber Backup е наменет за деловни клиенти во сите сегменти и обезбедува заштита од губење на податоци предизвикани од човечки грешки како што се ненамерно бришење датотеки, природни катастрофи, неоптимално складирање на податоци или малициозен софтвер. Решението ја комбинира интелигенцијата на безбедните решенија за backup на Acronis и безбедното складирањена податоците во професионално одржуван дата центар на А1 лоциран во Европа, така што во случај на изгубени или оштетени податоци клиентот може да ги врати информациите од резервната копија.

Вториот дел од услугата е сајбер заштита: напредна безбедност заснована на вештачка интелигенција против ransomwareи друг малициозен софтвер што ги штити и резервната копија и продукциската околина на клиентот. Услугата вклучува многу функции за автоматска заштита на податоците како и кориснички интерфејс каде што може лесно да се управуваат сите конфигурации.

A1 Cyber Backup услугата е достапна и за деловните субјекти во Австрија, Бугарија, Словенија и Србија.

Сите информации за можете да ги најдете на официјалната веб страница на следниот линк.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии