25 Април, 2025
0.0412

А1 Македонија објави стратегиска соработка со ФИНКИ

Објавено во: Мои пари 19 Јуни, 2024 15:10

Добивај вести на Viber

A1 Македонија главен поддржувач на ФИНКИ во учебната 2024/25

Скопје, 19.06.2024г.- А1 Македонија, водечката компанија за телекомуникации го објавува почетокот на стратегиска соработкасо Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, која ќе се одвива во учебната 2024/25, со најава за долгорочна соработка.

Соработката помеѓу А1 Македонија и ФИНКИ се одвива на повеќе нивоа како што се работа на развојно-истражувачки и апликативни проекти, консултативни активности и експертски услуги.  Главниот фокус на компанијата ќе биде обезбедување на бенефити и поволности за  студентите на ФИНКИ како пракса во А1 Македонија, работа на дипломски и постдипломскистудии, стипендирање на студенти од завршните години и донации наменети за подобрување на условите за студирање на студентите.

„А1 Македонија како носител на дигитализацијата во општеството, ја има и одговорноста за едукација за дигитални вештини на сите нивоа во општеството. Овој наш фокус, на кој работиме долги години, преку различни иницијативи, сега го прошируваме со студентите од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Сметаме дека предводници во креирањето на иновативни решенија се токму студентите од ФИНКИ кои со знаењето кое денес го стекнуваат, веќе утре ќе бидат врвни експерти во креирањето на дигиталните иновации на иднината. Покрај теоретското знаење, студентите сега имаат на располагање компанија во која можат да го надоградат своето знаење со практична работа и тоа во работна средина која е дел од голема Групација и во која работат врвни експерти од техничките области, подготвени своето знаење да го пренесат на младите,“изјави Методија Мирчев, Главен извршен директор на А1 Македонија

„Факултетот заинформатички науки и компјутерско инженерство започна со имплементација на нова програма за партнерство, чија главна цел е преку заедничка соработка и вложување на Факултетот и компаниите да се обезбедат подобри услови и подобри можности за студентите. Долгогодишната соработка на ФИНКИ со А1 Македонија сега ја продолжуваме на највисоко ниво, и истата ќе придонесе до наш заеднички раст, а воедно и големи придобивки за студентите. Би сакал да ги поздравам големиот број на компании кои се одзваа на нашиот повик на програмата за партнерство, и верувам дека следната година со гордост ќе бидеме сведоци на резултатите од истата.“ – изјави Деканот на ФИНКИ проф. д-р Боро Јакимовски

Оваа соработка  помеѓу А1 и ФИНКИ, ќе започне со донација на опрема наменета за уредување на студентските соби на факултетот, како и за уредување на новиот амфитеатар на ФИНКИ.

Пр објава

Можеби ќе ве интересира

Повик за македонските стартап тимови: Компанијата „Mozzart“ Србија го започнува четвртиот циклус на стартап програмата „Универзум“ – Пријавете се!

Повик за македонските стартап тимови: Компанијата „Mozzart“ Србија го започнува четвртиот циклус на стартап програмата „Универзум“ – Пријавете се!

Daily Food & Wine e урбана гастрономска оаза што го претвора секојдневието во доживување

Daily Food & Wine e урбана гастрономска оаза што го претвора секојдневието во доживување

Домот како кино со големите телевизори на Samsung

Домот како кино со големите телевизори на Samsung

„Литера“ продолжува со ден посветен на креативноста, емоциите и илустрацијата

„Литера“ продолжува со ден посветен на креативноста, емоциите и илустрацијата

Фестивалот „Литера“ започна со магично отворање и две впечатливи изложби во Сули Ан

Фестивалот „Литера“ започна со магично отворање и две впечатливи изложби во Сули Ан

Реализирана донација од 4 милиони денари за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје од Спорт Лаиф обложувалници

Реализирана донација од 4 милиони денари за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје од Спорт Лаиф обложувалници

Колективен постапувач ОИЛТЕК Доо – Ваш партнер за одговорно управување со масло и отпадно масло

Колективен постапувач ОИЛТЕК Доо – Ваш партнер за одговорно управување со масло и отпадно масло

MINT: секое дрво магнолија – ветување

MINT: секое дрво магнолија – ветување

Porsche 911 Spirit 70: уникатно чувство на слобода

Porsche 911 Spirit 70: уникатно чувство на слобода