26 Октомври, 2024
0.0256

Нова донација од ОКТА: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Велес доби соларна централа

Објавено во: Мои пари 22 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

ОКТА АД – Скопје ја реализираше првата од трите донации на фотоволтаични централи наменети за образовни институции во земјава, планирани за оваа година. Со оваа најнова донација од ОКТА, основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Велес доби соларна централа со инсталирана моќност од 16,1 kW (киловати), поставена на покривот на училиштето.

Централата може годишно да произведува и до 20 MWh (мегават часови) енергија од сончеви зраци, со што ќе се задоволи најголемиот дел од потребите од електрична енергија на ова училиште, во кое настава посетуваат повеќе од 600 ученици. Истовремено, работата на оваа соларна централа ќе овозможи намалување на емисиите на јаглерод диоксидво атмосферата за повеќе од девет тони годишно.

„Ваквиот вид донаторски проекти за нас во ОКТА се особено значајни, затоа што со нивната реализација се генерираат неколку значајни придобивки за заедницата. Преку производство на обновлива енергија од сонцето, оваа централа значително ќе ја намали потрошувачката и трошоците за електрична енергија на ова училиште, а истовремено ќе придонесе и за почиста животна средина. Ваквите проекти се нашиот конкретен придонес кон креирањето одржлива иднина за задницата и за идните поколенија, што сите нас во ОКТА нѐ прави посебно горди“, изјави Димитриос Пасхос, главен извршен директор во ОКТА.

Искажувајќи благодарност до ОКТА за оваа исклучително вредна донација, градоначалникот на Велес,Марко Колев рече: „Со инсталирањето на оваа централа донирана од ОКТА, значително се подобрува вкупната енергетска ефикасност на ова училиште и се намалуваат трошоците за електрична енергија, што ќе ни овозможи тие средства да ги пренамениме за други потреби на училиштето и едукативниот процес. Ги повикувам и останатите компании да го следат овој пример и да земат активно учество во реализација на проекти со кои се зголеми учеството на енергијата од обновливи извори во нашата општина и на тој начин ќе се поттикне нејзиниот целокупен одржлив развој“.

Покрај оваа, годинава ОКТА планира да инсталира фотоволтаични централи и на покривот на градинката „Детска радост“ во општина Гевгелија, како и на спортскиот центар „Марко Божиновски“ во општина Аеродром во Скопје,кои заедно ќе овозможат годишно производство од околу 113.000 kWh обновлива енергија. Дополнително, како дел од својата стратегија за донаторски вложувања во извори на „зелена“ енергија, минатата година ОКТА веќе инсталираше ваков вид централи на три образовни институции во земјата, со вкупна инсталирана моќност од над 57 kW.

Со овие донации, како и со фотоволтаичните централи кои се инсталираат кај своите деловни партнери и инвестицијата во изградбата на сопствена фотоволтаична централа со капацитет од 12 MW, која наскоро се очекува да почне со работа, ОКТА значајно придонесува за забрзување на енергетската транзиција на земјата, преку поголема застапеност на обновливите извори на енергија, како и за поголема заштита на животната средина.

Скопје, 22.10.2024

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

Раст на кредитите и депозитите, зголемена нето добивка и силен придонес во заедницата

Раст на кредитите и депозитите, зголемена нето добивка и силен придонес во заедницата

ТИТАН УСЈЕ – добитник на национална награда за најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа

ТИТАН УСЈЕ – добитник на национална награда за најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа

Катерина Димитровска од EasyPlatform: Интерактивните рекламни формати ги одвојуваат нашите клиенти од конкуренцијата

Катерина Димитровска од EasyPlatform: Интерактивните рекламни формати ги одвојуваат нашите клиенти од конкуренцијата

Билјана Герасимовска: Книгата „Бубрег и бременост“ ќе биде од корист на докторите при следење на бремените пациентки со бубрежни заболувања

Билјана Герасимовска: Книгата „Бубрег и бременост“ ќе биде од корист на докторите при следење на бремените пациентки со бубрежни заболувања

„Аџибадем Систина“ водечки кардиохируршки центар во регионот: Проф. Д-р Николиќ: нашата цел е секогаш да го обезбедиме најдоброто за пациентитe

„Аџибадем Систина“ водечки кардиохируршки центар во регионот: Проф. Д-р Николиќ: нашата цел е секогаш да го обезбедиме најдоброто за пациентитe

Уште една успешна година: dm drogeriemarkt со извонреден двоцифрен раст на прометот во деловната 2023/24

Уште една успешна година: dm drogeriemarkt со извонреден двоцифрен раст на прометот во деловната 2023/24

„Макпетрол“ утре организира работилница против врсничко насилство за родителите од Аеродром

„Макпетрол“ утре организира работилница против врсничко насилство за родителите од Аеродром

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ОДРЖЛИВОСТ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ПОСТИГНАТИ ОД ПРОЕКТОТ „ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА АТРАКТИВНОСТА, ИНКЛУЗИВНОСТА И РЕЛЕВАНТНОСТА НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА И ОБРАЗОВАНИЕТО НА ВОЗРАСНИ“

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ОДРЖЛИВОСТ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ПОСТИГНАТИ ОД ПРОЕКТОТ „ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА АТРАКТИВНОСТА, ИНКЛУЗИВНОСТА И РЕЛЕВАНТНОСТА НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА И ОБРАЗОВАНИЕТО НА ВОЗРАСНИ“

ФЕРО ИНВЕСТ на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024: Развиваме енергетски решенија за по 5 години

ФЕРО ИНВЕСТ на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024: Развиваме енергетски решенија за по 5 години