21 Октомври, 2024
0.0454

ЕВЕ СО КАКВО ОБРАЗОВАНИЕ РАСПОЛАГААТ МИЦКОСКИ И НАЈБЛИСКИТЕ СОРАБОТНИЦИ: Многумина од нив имаат дебели биографии и се експерти во областа што ја раководат

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Факултетски дипломи, обуки, семинари, магистратури и други титули се само дел од сивијата на премиерот Христијан Мицкоски и неговите најблиски соработници.

Христијан Мицкоски е роден во Скопје на 29 септември 1977 година во христијанско семејство. Неговиот татко Иван (р. 1950) е доктор по машински науки и универзитетски професор. Студирал на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во периодот од 1996 до 2001 година. Во периодот 2001–2002 година остварил студиски престој на Универзитетот Перуџа и Универзитетот Сиена во Италија. Со звањето магистер по технички науки се стенува во 2003 година при завршување на постдипломските студии на Машинскиот факултет во Скопје со магистерската тема „Оптимизациона синтеза на лостови механизми“ под менторство на проф. д-р Емилија Ветаџокоска. Во периодот 2005–2008 година остварил студиски престој на Универзитетот Илменау и Универзитетот Ахен, каде што работел на експерименталниот дел од неговата докторска дисертација.Според податоците од Националната и универзитетска библиотека во Скопје, тој во 2009 година под менторство на проф. д-р Даме Коруноски на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја одбранил докторската дисертација со наслов „Управување на манипулациони роботи со примена на fuzzy логика“. Членови во комисијата за одбрана на докторската дисертација му биле: Даме Коруноски, Кочо Анѓушев, Емилија Ветаџокоска, Владимир Дуковски и Атанаско Тунески.

Полето на научен интерес на Мицковски ги опфаќа следните подрачја: лостови механизми, проектирање и оптимизација на лостови механизми, отимизација на лостови механизми, кинематичка и кинетостатска анализа на лостови механизми, синтеза на лостови механизми, динамика на механизмите и машините, развивање на софтверски пакети за синтеза и оптимизација на механизмите, проектирање и симулации на мехатрони системи.

Кое е неговото работно искуство?

Во периодот од 2001 до 2002 работи како главен и одговорен проектант и изведувач на термотехнички инсталации Фонко клима во Скопје. Од 2002 до 2004 година работи како помлад асистент на Машинскиот факултет, од 2004 до 2009 година работи бил асистент, а од 2009 до 2014 работел како доцент. Во периодот од 2010 до 2012 неколку пати престојувал на Техничкиот универзитет Виена и Техничкиот универзитет Софија. Од 2014 до 2019 година бил вонреден професор на Машинскиот факултет во Скопје, а во декември 2019 година бил избран за редовен професор на истиот факултет.

Во периодот 2015–2017 бил советник за енергетика на премиерите Никола Груевски и Емил Димитриев. Во 2016 година поставен е за претседател на управениот одбор и Генерален Директор на АД „Електрани на Македонија“. Како директор забележува успех во рабтоењето, што се огледа преку зголемување на финансиската добивка на претпријатието, намалување на цената на електричната енергија, како и започнување проекти за отворање нови рудници за јаглен и реконструкција на енергетските блокови на РЕК „Битола“. Во јуни 2017 година, веднаш по изборот на новата влада на СДСМ, Мицкоски се повлекува од позицијата „надворешен соработник за енергетика“ на која е назначен од претходната влада. Во истиот период тој се повлекол и од други комисии во кои функциите ги извршувл бесплатно. Како причина за оставките Мицкоски ги навел различните економски и енергетски концепти што ги имала тогаш новата влада.

Александар Николоски

Александар Николоски е истакнат македонски политичар и дипломиран политиколог. Тој е роден на 24 март 1984 година во Охрид.

Николоски заврпшува високо образование на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што се стекнува со титулата дипломиран политиколог. Потоа го продолжува своето образование на истиот факултет, каде што =е кандидат за магистер по политички науки и меѓународни односи.

Неговата професионална кариера започнува во 2000 година, кога станува претседател на Средношколската унија на Македонија, позиција која ја врши до 2002 година. Од 2002 до 2004 година, Николоски е секретар на ФРЕСТА - програмата за невладини организации и меѓуетнички дијалог на југо-источна Европа, поддржана од Министерството за надворешни работи на Кралство Данска.

Во 2006 година, Николоски е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, каде што остранува сé до 2016 година, а потоа повторно е избран во 2020 година каде останува до 2024 година. Во Собранието тој е член и претседател на бројни комисии, вклучувајќи ги Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Комисијата за надворешна политика, Комисијата за уставни прашања, и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Николоски исто така активно учествува во Парламентарното собрание на Советот на Европа, каде што беше потпретседател од 2015 до 2017 година. Тој е и прв потпретседател на Комитетот за политички работи и демократија и прв потпретседател на Комитетот за спроведување на обврските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа (Мониторинг комитет).

Во својата кариера, Николоски има добиено бројни признанија и награди. Тој е избран за Европски млад лидер 40 под 40 највлијателни личности во Европа за 2022 година од страна на организацијата „Пријатели на Европа“, официјален избор на Европската Унија.

Гордана Димитриеска Кочоска

Гордана Димитриеска Кочоска е родена на 2 декември 1983 во Тетово. Таа е  тековен министер за финансии од страна на ВМРО-ДПМНЕ, и сегашна потпретседателка на истата партија.

Таа е дипломиран економист и дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со просечна оценка од 9.55. Потоа Димитриеска Кочоска станала магистер по економски науки на истиот факултет.

Димитриеска Кочоска поседува обуки, професионални надградби и меѓународни сертификати од повеќе области, како што е анализа на финансиски извештаи, сметководствена аналитика, менаџирање, контрола и управување, завршила и Академија за контрола, во Менаџмент центар - Белград, а лиценцирана од СА Akademie AG.

Била вработена во приватно претпријатие, како финансиски советник во областа на управување и финансии.

Претходно работела во Стопанска Банка, во Македонски Телеком во секторот на даноци, во Министерство за финансии во Секторот за јавен долг, а воедно во одреден период е и директор за финансии во ЕЛЕМ, во времето кога со ова претпријатие управувал сегашниот водач на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Сања Божиновска е родена на 8 јуни 1980 година во Скопје. Таа е инженер и експерт во областа на енергетиката. Таа е моментално Министерка за Енергетика, рударство и минерални суровини од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Сања Божиновска е искусен енергетски консултант со меѓународно искуство во областа на енергетските проекти и инвестиции.

Божиновска ја започнува својата академска кариера на Англо Американ Универзитетот во Прага, Чешка, каде што од 1998 до 2002 година студира бизнис администрација и политички науки. Потоа го продолжува своето образование на Универзитетот во Гронинген, Холандија, каде што во периодот од 2003 до 2004 година завршува магистерски студии по интернационален бизнис. Во 2013 година, пак, таа ја заврпшува програмата за енергетска транзиција и лидерство на Делта енергетскиот институт во Холандија, а во 2015 година ја завршува и извршната програма за жени лидери на Универзитетот Харвард, САД.

Нејзината професионална кариера започнува во 2002 година како помлад асистент за ревизија во КПМГ Скопје, каде што работи на ревизорски проекти во приватни и невладини организации. Во 2006 година, пак, таа премиинува во EZPADA s.r.o. во Прага, Чешка, каде што работи во одделот за планирање и тргување со електрична енергија. Од 2006 до 2011 година, Божиновска е одговорна за стратегиски анализи и тргување во балканските земји.

Од 2011 до 2014 година, Божиновска е извршен директор на сите компании на групацијата Руднап во ЦИЕ за трговија со електрична енергија. Во периодот од 2014 до 2018 година, пак, таа работи како партнер во Eng Service Trade Скопје, каде што е одговорна за формирање на стратегија за зголемување на пазарниот удел на компанијата.

Од 2018 година до денес, Сања Божиновска работи како независен енергетски консултант, фокусирајќи се на енергетски проекти, инвестиции, договори за PPA проекти за соларни централи, прекугранично тргување со енергија и работа на проекти за обновливи извори на енергија во ЦИЕ.

Божиновска е активен учесник на повеќе од 100 енергетски конференции како говорник и модератор на панели во Србија, Бугарија, Романија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Унгарија, Полска, Германија, Чешка и Австрија.

Сања Божиновска течно говори англиски, чешки, српски и шпански јазик.

Цветан Трипуновски е роден на 19 септември1980 во Скопје. Тој моментално е Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој е дипломиран земјоделски инженер, член на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен министер за земјоделство, шуммарство и водостопанство.

Првото вработување му е во 2005 година во Собранието на Град Скопје како помлад соработник, а бил и директор на Државна фитосанитарна лабораторија, пратеник во Собранието на Република Македонија, во два наврати бил државен советник во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, директор на Државен инспекторат за земјоделство, два пати бил дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, советник во ЈП Паркови и зеленило – Скопје и вработен во ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Љутков

Љутков е роден во 1977 г. во Велес[. Дипломирал на Факултетот за драмски Уметности во Скопје во 2001 г. во класата на прод. Владимир Милчин, а во 2002 г. запишал постдипломски студии за сценографија на Универзитетот за уметности во Белград. Во 2006 г. се вработил како глумец во Драмскиот театар (ДТС) во Скопје.

Уште во текот на студиите глумел во претстави во Народениот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во родниот Велес, но и во други театри во Македонија[1]. До денес има остварено бројни главни и споредни улоги во матичниот театар, но и како гостин во сите поважни театарски установи во државата.

Учествувал на неколку меѓународни театарски фестивали, работилници и филмски и ТВ-проекти. Добитик е на две награди.[1]

Љутков на 23 јуни 2024 година, е избран за Министер за култура на Македонија од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Панче Тошковски 

Панче Тошковски е роден на 14ти Јуни 1982 г. во Скопје. Има положено Адвокатски испит и Правосуден испит.  Во минатото бил адвокат, и советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.Тој бил Член во Експертскиот тим на Владата на Република Македонија во 2008 година.Меѓу Октомври 2008 – октомври 2011 година тој бил советник. Помеѓу Октомври 2011 година - 2024 Тошковски бил адвокат. На 28ми Јануари 2024 г. Тошковски стана министер за внатрешни работи во Техничката влада на Талат Џафери од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. На 23ти Јуни 2024 г. официјално ја презема функцијата Министер за внатршени работи во Кабинетот на Христијан Мицковски.

Весна Јаневска е родена на 27 Јуни1958 година во Скопје. Таа е моментално Министер за образование и наука од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Свој придонес во областа на медицината и патологијата остварила со следниве истражувачки проекти: „Скрининг, дијагноза и постсмртно испитување на вродени дисплазии на скелетот“; „Создавање на постоперативен дијагностички и терапевски протокол кај тумори на плунковните жлезди со користење на хистопатолошки и радиолошки критериуми“; „Евалуација на ефектите од хемотерапијата кај остеосаркомите“; „Имунофенотипски и генетски профил на тумори на простата, колоректум, скелет и хронични миелопролиферативни заболувања“.

Член е на Лекарската комора на Македонија, Конзилиум за Саркома при Медицинскиот факултет, Македонското патолошко друштво, Европското патолошко друштво, Македонското друштво за морфолошки науки и Македонското здружение на лекари.

На 23ти Јуни 2024 г. таа стана новата министерка за образование и наука во Кабинетот на Христијан Мицкоски.

Златко Перински е роден на 14 Јануари 1983 г. во Скопје. Дипломирал на Факултетот за физичка култура-УКИМ, каде се стекнал со звање дипломиран професор/тренер, а со магистратура по менаџмент на човечки ресурси се стекнал на Институтот за политичко-правни истражувања-УКИМ/Универзитет за туризам и менаџмент Скопје. Во периодот од  2009-2012 година тој е основач и управител на Д.Т.У. Био Стем д.о.о.Скопје со дејност претставништво на Грчка банка за матични клетки за Македонија, додека од 2012-2014 година работи и е основач на институцијата: Bio Save d.o.o. Beograd, која е претставништво на Германска банка за матични клетки за Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Романија и Хрватска. Перински од 2014 до 2017 година е управител на С.Ц.Борис Трајковски Дооел Скопје, а  од 2021-2022 година бил генерален директор на ЈП. „Водовод и канализација“ Скопје . На 23ти Јуни 2024 г. тој бил избран за новиот министер за локална самоуправа во Кабинетот на Христијан Мицкоски.

Борко Ристовски, кој е биде министер за спорт, е роден на 2 ноември 1982 година во Скопје, Македонија.

Дипломирал на Економски факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, каде се стекнал со звање дипломиран економист.

Мајчин јазик му е македонскиот, а одлично ги познава англиски, шпански, португалски и германски јазик.

Во периодот од 2023 од 2024 година работи како извршен директор во Ракометникот клуб РК Вардар Скопје. Повеќе години работел како ракометар во РК Вардар, а во периодот 2022-2023 година работел во ракометниот клуб TBV Lemgo, Лемго, Германија. Во периодот 2018-2020 работел во Benfica, Лисабон, Португалија, а од 2016 до 2018 година во ракометниот клуб Barcelona во Барселона во Шпанија.

Од 2015 до 2016 година работел во ракометниот клуб Rhein-Neckar Lowen, Манхајм во Германија, а од 2014 до 2015 година работел во ракометниот клуб US Creteil, Кретил во Франција.

Се стекнал со признанија и награди, меѓу кои е Медал за заслуги за Македонија од Претседател на Република Македонија во 2017 година, како и Орден за Почесен граѓанин на Република Македонија од Претседател на Република Македонија во 2012 година.

Извор: Википедија

Фото: Фејсбук профили


Можеби ќе ве интересира

ЗА КАСАМИ ОВА Е ТЕНДЕНЦИОЗНО: Непознати лица синоќа го оштетиле шестоседот на Попова Шапка

ЗА КАСАМИ ОВА Е ТЕНДЕНЦИОЗНО: Непознати лица синоќа го оштетиле шестоседот на Попова Шапка

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе мало гратче

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе мало гратче

ВО СОСТАВ НА СОБРАНИЕТО: Македонија доби „заштитена соба“

ВО СОСТАВ НА СОБРАНИЕТО: Македонија доби „заштитена соба“

МУРТЕЗАНИ: Сакаме да обезбедиме гаранции за отпочнување, но и завршување на ЕУ интеграцијата

МУРТЕЗАНИ: Сакаме да обезбедиме гаранции за отпочнување, но и завршување на ЕУ интеграцијата

ПРОДАВАЧКИ НА БИЛЕТИ НА ЈСП И СМЕТКОВОДИТЕЛКА ГО ОШТЕТИЛЕ ПРЕТПРИЈАТИЕТО ЗА 380.000 ЕВРА: Поднесено обвинение против трите

ПРОДАВАЧКИ НА БИЛЕТИ НА ЈСП И СМЕТКОВОДИТЕЛКА ГО ОШТЕТИЛЕ ПРЕТПРИЈАТИЕТО ЗА 380.000 ЕВРА: Поднесено обвинение против трите

„ЛАЖНИТЕ ТВРДЕЊА ЗА ПРИТИСОЦИ ПОЧНАА ВЕДНАШ ПО КОНТРОЛАТА“: Коцевски тврди „вршам надзор поради информации кои укажуваат на нестручно работење“

„ЛАЖНИТЕ ТВРДЕЊА ЗА ПРИТИСОЦИ ПОЧНАА ВЕДНАШ ПО КОНТРОЛАТА“: Коцевски тврди „вршам надзор поради информации кои укажуваат на нестручно работење“

„ОТВОРЕНО Е ПРАШАЊЕТО ДАЛИ ХРИСТОВСКИ ИМА 5 ГОДИНИ НА РАКОВОДНИ ПОЗИЦИИ“: СДСМ бара да се назначи нов директор на АНБ

„ОТВОРЕНО Е ПРАШАЊЕТО ДАЛИ ХРИСТОВСКИ ИМА 5 ГОДИНИ НА РАКОВОДНИ ПОЗИЦИИ“: СДСМ бара да се назначи нов директор на АНБ

ЗИМАТА ДОАЃА НА КРАЈОТ НА МЕСЕЦОТ И СО СЕБЕ НОСИ СНЕГ: Еве што велат прогностичките модели

ЗИМАТА ДОАЃА НА КРАЈОТ НА МЕСЕЦОТ И СО СЕБЕ НОСИ СНЕГ: Еве што велат прогностичките модели

ЕКСПЛОДИРА БОМБА ВО ШТАБ НА ПАРТИЈАТА НА САМКА ИБРАИМОВСКИ: „Ова е напад на нашето постоење како заедница“

ЕКСПЛОДИРА БОМБА ВО ШТАБ НА ПАРТИЈАТА НА САМКА ИБРАИМОВСКИ: „Ова е напад на нашето постоење како заедница“