21 Октомври, 2024
0.0493

„ЛАЖНИТЕ ТВРДЕЊА ЗА ПРИТИСОЦИ ПОЧНАА ВЕДНАШ ПО КОНТРОЛАТА“: Коцевски тврди „вршам надзор поради информации кои укажуваат на нестручно работење“

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Лажните тврдења за наводни притисоци почнаа веднаш по започнување на контролата, што само ми потврдува дека ја преземам исправната работа и од тоа немам намера да отстапам.

Ова го кажа државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски кои ги отфрла, како што вели, неоснованите тврдења за наводно мешање во предмет во кој повеќе од еден месец постапувало Вишото јавно обвинителство Скопје.

– Од позиција на државен Јавен обвинител имав обврска, првпат после повеќе од четири години да извршам надзор над работата на Вишото јавно обвинителство Скопје, бидејќи до мене дојдоа информации и пресуди од Врховниот суд, кои укажуваат на можно нестручно работење на одредени јавни обвинители, како и пријави за закани, притисоци и недолично однесување кон вработени во обвинителството. 

Овие пријави се доставени и до Советот на јавните обвинители, наводите се документирани и имам обврска да ги проверам. Лажните тврдења за наводни притисоци почнаа веднаш по започнување на контролата, што само ми потврдува дека ја преземам исправната работа и од тоа немам намера да отстапам. 

Конкретниот предмет што се наведува воопшто не е предмет на контрола и се споменува само за да се издејствува политички притисок и да ме натера да се повлечам. Но, тоа во ниту еден момент нема да се случи! - вели Коцевски во реакцијата.

Додава дека кога ја презел функцијата јавен обвинител дал заклетва дека функцијата ќе ја врши чесно и одговорно и дека тоа и ќе го направи. Најавува дека сите сознанија до кои ќе дојде по извршената контрола ќе ги објави веднаш по завршување на соодветните постапки предвидени во Законот за јавното обвинителство.

– До крајот на овој месец контроли ќе бидат извршени и во сите останати виши јавни обвинителства и во ОЈОГОКК. За сите контроли задолжени се јавните обвинители од републичкото обвинителство распоредени како координатори за соодветните обвинителства со редовен годишен распоред. 

Според задолженијата, тие ќе треба да го проверат предметното работење на сите јавни обвинители во предметите во кои обвинителите се откажале од жалба или од обвинение. Затоа очекувам нападите кон мене да продолжат со уште поголем интензитет, особено од страна на лица кои со вакви обвинителски одлуки се спасиле од кривичен прогон додека граѓаните очекувале правда - стои во демантот на Коцевски.

Вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи во изјава за Канал 5 тврди дека Коцевски директно му посочил да внимава како ќе се постапува со предмет поврзан со политичката партија ВМРО – ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

ЗА КАСАМИ ОВА Е ТЕНДЕНЦИОЗНО: Непознати лица синоќа го оштетиле шестоседот на Попова Шапка

ЗА КАСАМИ ОВА Е ТЕНДЕНЦИОЗНО: Непознати лица синоќа го оштетиле шестоседот на Попова Шапка

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе мало гратче

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе мало гратче

ВО СОСТАВ НА СОБРАНИЕТО: Македонија доби „заштитена соба“

ВО СОСТАВ НА СОБРАНИЕТО: Македонија доби „заштитена соба“

МУРТЕЗАНИ: Сакаме да обезбедиме гаранции за отпочнување, но и завршување на ЕУ интеграцијата

МУРТЕЗАНИ: Сакаме да обезбедиме гаранции за отпочнување, но и завршување на ЕУ интеграцијата

ПРОДАВАЧКИ НА БИЛЕТИ НА ЈСП И СМЕТКОВОДИТЕЛКА ГО ОШТЕТИЛЕ ПРЕТПРИЈАТИЕТО ЗА 380.000 ЕВРА: Поднесено обвинение против трите

ПРОДАВАЧКИ НА БИЛЕТИ НА ЈСП И СМЕТКОВОДИТЕЛКА ГО ОШТЕТИЛЕ ПРЕТПРИЈАТИЕТО ЗА 380.000 ЕВРА: Поднесено обвинение против трите

„ОТВОРЕНО Е ПРАШАЊЕТО ДАЛИ ХРИСТОВСКИ ИМА 5 ГОДИНИ НА РАКОВОДНИ ПОЗИЦИИ“: СДСМ бара да се назначи нов директор на АНБ

„ОТВОРЕНО Е ПРАШАЊЕТО ДАЛИ ХРИСТОВСКИ ИМА 5 ГОДИНИ НА РАКОВОДНИ ПОЗИЦИИ“: СДСМ бара да се назначи нов директор на АНБ

ЗИМАТА ДОАЃА НА КРАЈОТ НА МЕСЕЦОТ И СО СЕБЕ НОСИ СНЕГ: Еве што велат прогностичките модели

ЗИМАТА ДОАЃА НА КРАЈОТ НА МЕСЕЦОТ И СО СЕБЕ НОСИ СНЕГ: Еве што велат прогностичките модели

ЕКСПЛОДИРА БОМБА ВО ШТАБ НА ПАРТИЈАТА НА САМКА ИБРАИМОВСКИ: „Ова е напад на нашето постоење како заедница“

ЕКСПЛОДИРА БОМБА ВО ШТАБ НА ПАРТИЈАТА НА САМКА ИБРАИМОВСКИ: „Ова е напад на нашето постоење како заедница“

„МЕТРОПОЛАТА ОД УТРЕ ПАК БЕДАТА СВОЈА ЌЕ ЈА ЗРАЧИ, ЖИВЕАЧКАТА ВО СКОПЈЕ ДА ТИ СЕ СМАЧИ“: Д-р Беќаровски го покажа талентот, напиша песна за скопската дневна шема

„МЕТРОПОЛАТА ОД УТРЕ ПАК БЕДАТА СВОЈА ЌЕ ЈА ЗРАЧИ, ЖИВЕАЧКАТА ВО СКОПЈЕ ДА ТИ СЕ СМАЧИ“: Д-р Беќаровски го покажа талентот, напиша песна за скопската дневна шема