“Интернетот не e само игра...Кликај безбедно!” продолжува и во второто полугодие од учебната 2022/2023 година
A1 Македонија шеста година по ред со едукација на децата за безбедно користење на интернет
Објавено во: Мои пари 07 Февруари, 2023 13:37
Со предавање во О.О.У. „Димитар Миладинов“ во Скопје за учениците од 4-то одделение, во рамките на едукативната програма за деца - “Интернетот не e само игра...Кликај безбедно!” А1 Македонија го започнува шестиот циклус работилници и го одбележува Светскиот ден за безбеден интернет.
„Ни претставува особена чест и задоволство што и оваа, шеста година по ред, заедно со нашите партнери на проектот, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието продолжуваме со предавања за да ги подготвиме децата уште од најмала возраст да знаат како подобро и паметно да ги ползуваат придобивките од Интернетот. Интересот од страна на учениците, наставниот кадар но и на родителите не стивнува, а тоа е дополнителна потврда за потребата од едукација од ваков вид“- изјави Елена Димовска, Раководител на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

“Градењето на партнерства помеѓу корпоративниот сектор и образованието е од особена важност за јакнење на капацитетите на образовниот процес и придонес кон креирање квалитетни образовни содржини, чиишто придобивки ги ползуваат младите генерации. Соработката со А1 Македонија продолжува и оваа, шеста година по ред, и навистина ни е драго дека овој проект од година во година наидува на голем интерес кај децата и наставниците, а секако и кај родителите како водечки воспитен фактор”, изјавија од Министерството за образование на Северна Репубика Македонија.
До крајот на учебната година се предвидени уште најмалку 5 работилници во Скопје и неколку градови во Македонија. Предавањата ги реализираат волонтери - вработени во А1 Македонија, кои преку интерактивни и интересни предавања прилагодени на возраста и образовната програма, го прошируваат знаењето на учениците за Интернетот, фокусирајќи се на безбедноста и заштитата на личните податоци на децата.

За “Интернетот не е само игра…Кликај Безбедно!“
Проектот “Интернетот не е само игра...Кликај Безбедно!” е дел од иницијативата “Интернет за сите” на Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2018 година. Во рамките на проектот, предавањата досега ги проследиле повеќе од 3500 четврто-одделенци, од 13 градови во земјава, а активно беа вклучени наставници, директори, педагози и психолози од училиштата. Целта на оваа иницијатива е преку различни алатки, програми и тренинзи, учениците да ги стекнат неопходните компетенции за нивно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата.
Повеќе информации за едукативната програма “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” се достапни на веб стрaницата на А1 Македонија на Дигитална писменост - A1.
ПР ОбјаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




