А1 Македонија воведува eSIM – Ново дигитално искуство
Објавено во: Мои пари 28 Јули, 2022 12:38
А1 Македонија го збогатува портфолиото на услуги и најавува воведување на еSIM дигитална картичка со која корисниците добиваат софистицирано дигитално решение со кое можат да ја заменат својата досегашна пластична СИМ картичка со еколошки прифатлива еSIM, а притоа да ги уживаат истите придобивки.
eSIM претставува еден вид софтвер, интегриран во мобилниот уред со што корисниците немаат потреба да употребуваат физичка SIM картичка. Отсега на својот телефон корисниците можат да ја активираат новата eSIM и да ги задржат сите досегашни функционалности кои што ги користат.
Услугата еSIM е наменета за сите пост пејд корисници на тарифните модели од портфолиото на А1 Македонија и со нејзиното активирањедобиваат можност за многу поедноставно и побезбедно менаџирање на повеќе различни тарифни модели на ист уред при што максималниот број на профили зависи од поддршката што ја обезбедува самиот уред.
eSIM се активира со скенирање на QR-кодот што корисниците може да го подигнат во продажните салони на А1 Македонија.
Во овој момент, еSIM може да биде активирана на одредени модели телефони чија листа може да се најде на официјалната страница на а1.мк
ПР објава
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




