06 Декември, 2025
0.5916

A1 Net Protect постигна извонреден успех, спречени повеќе од 12 милиони сајбер закани само во септември

Објавено во: Мои пари 14 Октомври, 2025 11:20

Добивај вести на Viber

Во септември, услугата A1 Net Protect постигна извонреден успех, блокирајќи повеќе од 12 милиони сајбер закани, кои се обидоа да ја загрозат безбедноста на корисниците. Оваа импресивна бројка ја потврдува важноста и ефикасноста на A1 Net Protect како клучна алатка за заштита на мобилните уреди и на личните податоци.

Вкупно беа спречени 12.230.371 закани од различни типови напади, меѓу кои 11.989.780 малвер напади, 7.297.161 фишинг напади и 419.600 инциденти поврзани со спам. Овие резултати ја истакнуваат големата улога на A1 Net Protect во обезбедувањето безбедно сурфање преку својата мрежа.

A1 Net Protect обезбедува автоматска заштита од обиди за кражба на лични податоци преку лажни имејл адреси или веб-страници (Phishing), малициозен софтвер што може да му нанесе штета на уредот (Malware), злоупотреба на уредот за испраќање спам или кражба на податоци (Botnets), измамнички веб-страници со лажни понуди (Spamsites), хакерски преземени веб-страници за ширење малициозен софтвер (Compromised) и злоупотреба на уредот за „копање“ криптовалути без знаење на корисникот (Cryptomining).

Корисникот што ја има активирано оваа услуга е заштитен секогаш кога е поврзан на мобилната или фиксната мрежа, без потреба од дополнителна инсталација. Системот автоматски ги детектира и ги блокира ризичните веб-страници и апликации и испраќа известување за секоја потенцијална интернет-закана.

Корисникот може да ја искористи понудата и да активира еден месец бесплатна заштита со A1 Net Protect. Активирањето може да се направи преку апликацијата „Мојот А1“, со повик до Контакт центарот на 077 1234 или во најблискиот продажен салон на А1 како и со СМС-порака со текст „START PROTECT“ на бројот 140 007 за корисниците на мобилната телефонија.

Октомври е месецот на сајбер безбедност кога светот се потсетува колку е важна заштитата на дигиталниот живот и на личните податоци. А1 Македонија како водечка телекомуникациска компанија работи интензивно на повеќе нивоа за да им обезбеди безбедност и сигурност на своите корисници. Со услуги како A1 Net Protect, компанијата овозможува современи и ефикасни алатки за заштита од сајбер закани, обезбедувајќи им безбедно сурфање на интернет.

За повеќе информации, може да ја посетите веб-страницата www.A1.mk.

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј