20 Декември, 2025
0.0762

АД ЕЛЕМ ја одложи реализацијата на проектот во согласност со препораките на Бернската Конвенција

Објавено во: Мои пари 18 Јануари, 2017 16:00

Добивај вести на Viber

АД ЕЛЕМ смета дека  ХЕЦ Бошков Мост е значаен енергетски проект бидејќи ќе придонесе за зголемување на домашното производство на електрична енергија и ќе го збогати портфолиото на обновливи извори во Република Македонија. Во рамките на развојните активности на проектот, изготвена е целосна документација во однос на заштитата на животна средина согласно законите на Република Македонија, политиките на ЕУ во врска со заштита на животна средина, како и политиките за заштита на животна средина на ЕБОР.

Во склоп на студијата за оценка на влијание врз животната средина (СОВЖС) направена е анализа на влијанието врз животната средина и биолошката разновидност вклучувајќи ги големите цицачи, а со тоа и Балканскиот рис. Врз основа на тие анализи се предвидени мерки за избегнување или намалување на влијанијата од изградба и работа на хидро-енергетскиот систем врз биолошката разновидност.

АД ЕЛЕМ како општествено одговорна компанија ја одложи реализацијата на проектот во согласност со препораките на Бернската Конвенција. Од досегашните сознанија во врска со отворениот случај во Бернската конвенција, проектот Бошков Мост нема да има влијание врз популацијата на Балканскиот рис. Напротив, мерките за намалување на влијанието на проектот кои се предвидени во целокупната документација за заштита на животната средина и биолошката разновидност вклучуваат активности кои се во насока на зачувување и подобрување на статусот на Балкансиот рис.

Во досегашниот степен на реализација на развојните активности за проектот ХЕЦ Бошков Мост, АД ЕЛЕМ немаше потреба од повлекување на средства од кредитната линија на ЕБОР. По завршувањето на 5-годишниот период на важноста на договорот за кредитирањена проектот, неговото обновување  ќе значеше зголемени финансиски импликации поврзани со одржувањето на кредитната линија. АД ЕЛЕМ продолжува со проектно-техничките активности за проектот „Бошков Мост“ во согласност со своите развојни политики, што ќе придонесе за изготвување на платформа за креирање на понатамошни инвестициски одлуки.


Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии