20 Декември, 2025
0.0939

АД ЕЛЕМ: Синот на Мира Стојчевска ги исполнува условите за вработување

Објавено во: Македонија 28 Март, 2019 13:39

Добивај вести на Viber

АД ЕЛЕМ реагира дека синот на пратеничката од СДСМ, Мира Стојчевска, е вработен регуларно и ги исполнил сите услови за да добие работно место во државната компанија.

„По повод одредени медиумски написи, АД ЕЛЕМ информира дека нема добиено известување од Антикорупциската комисија дека е донесен заклучок во врска со случајот на вработување на работникот Виктор Стојчевски. Додека таков заклучок не произлезе, компанијата не може да одговори на прашања за пропусти, без да биде  утврден пропуст. Документацијата што АД ЕЛЕМ ја достави до Комисијата покажува дека наведениот кандидат ги исполнувал условите предвидени во конкурсот“

Ваквата реакција на Електрани на Македонија следува по веста дека случајот со вработувањето на Виктор Стојчевски е оред официјално прогласување за неправилно од страна на Комисијата за спречување на корупција.

„Во конкретниот случај за кој прашувате, се бараше приправник, односно работник за почетничко место. Од сите кандидати, избраниот кандидат имаше најсоодветно образование за работните задачи кои е планирано да се побаруваат во иднина од тоа работно место (на компанијата и е потребен геодет, со оглед на тоа што почнува неколку проекти од областа на обновливите извори на енергија, кои бараат примена на нови технологии и обезбедување подлога, документациска и теренска, за нивно инсталирање). Другите двајца кандидати беа со машински и електро-технички факултетет“, велат од АД ЕЛЕМ.

Предметите за вработувањата поврзани со можен непотизам што ги отвори Антикорупциска се при крај, а 24 Вести има информација дека веќе е констатирана неправилост при вработувањето на синот на пратеничката од редовите на Социјалдемократскиот сојуз. Извори на телевизијата потврдуваат дека синот на пратеничката не ги исполнил условите што биле предвидени со конкурсот за вработување. Комисијата, според сознанијата, ќе ги објави официјално одлуките за десетина дена.

Од тројцата кандидат, само Стојчевски бил млад кадар, додека другите двајца имале искуство од 10 до 20 години. Од АД ЕЛЕМ велат дека ранг-листа како документ не е предвидена според Законот за работни односи, затоа описноизнесува како е извршен изборот.

„Исто така, проценето е и дека ангажирањето на млад кадар кој неодамна завршил со своето високо образование е најдобро решение со оглед на тоа што 70% од вработените во компанијата се над 50 -годишна возраст, така што една од обврските на секој менаџмент е да обезбедува одржлив кадровски развој. Другите двајца кандидати имале работно искуство од 10 и 20 години, што во конкретниот случај не соодветствувало на определбата на ЕЛЕМ да инвестира во млад кадар, кој ќе биле обучуван според стандардите и потребите на компанијата“, гласи образложението на друштвото.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки