05 Декември, 2025
0.0824

АД Га-Ма ќе купи титаниум или тегет автомобил од Макпетрол за 18.300 евра

Објавено во: Мои пари 20 Февруари, 2013 12:00

Добивај вести на Viber

Операторот на преносната мрежа со природен гас, Га-Ма (мешовита компанија во сопственост на државата и Макпетрол по половина) ќе набави патничко возило токму од Макпетрол, покажуваат податоците од Бирото за јавни набавки. Откако на првиот оглас на Га-Ма бројот на кандидатите бил понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно Законот за јавни набавки, компанијата се реши да купи автомобил преку директна спогодба, токму со еден од своите сопственици-најголемиот дистрибутер на нафтени деривати во земјава, Макпетрол. Според јавно достапните информации, зделката тежи 18.300 евра. Мешовитата енергетска компанија барала автомобил кој ќе има бензиски мотор со зафатнина 2.000 cm3±5%, моќност на моторот 110 KW ±5%, мануелен менувач со 6 брзини, форма на каросерија 5 врати, 4 WD – погон на четири тркала, EURO 5 стандарди за емисија, вкупна должина повеќе од 4550 mm, 6 (шест) воздушни перничиња, ABS со EBD BAS кочници, кодиран клуч со имобилајзер, темпомат, ксенонски светла со уред за миење на фарови, алуминиумски бандажи 18 инчи, целосна рамна површина при спуштена задна клупа, систем за произлегување VSA и за сето ова гаранција од 5 години или 150.000 километри. Га-Ма во тендерската документација прецизира и дека автомобилот треба да биде со боја титаниум или тегет. За сега експертите од областа на антикорупцијата кои ги контактираше Фактор јавно не сакаат да го коментираат фактот што компанијата формирана од државата и Макпетрол ќе купи возило токму од Макпетрол. Во набавка на возило преку лизинг се втурна и Акционерско друштво за аеродромски услуги Аеродроми на Македонија. Тие пак, за 31.400 евра ќе набават автомобил од МИ-ДА Ауто, Скопје. К.П.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!