05 Декември, 2025
0.0661

„Адора инженеринг“ и Чифлиганец добија меѓународно признание

Објавено во: Економија 18 Декември, 2012 14:28

Добивај вести на Viber

Светска награда за најдобро претпријатие од градежништвото и најдобар менаџер од Македонија во 2012 година доби „Адора инженеринг“ и генералниот директор Ванчо Чифлиганец. Ова реномирано признание, што го доделува Европската бизнис асоцијација, на „Адора инженеринг“ и припадна за најдобра бизнис репутација, за успешно менаџирање и за динамичен раст на компанијата. Наградата, на компанијата и е доделена на престижната меѓународна манифестација „Најдобри претпријатија во Европа“ на свечена церемонија во кралската палата „Хофбурн“ во Виена. -Наградата е потвдра за „Адора инженеринг“ дека работи по светските стандарди, а за Македонија дека единствено вистинските вредности, кои ги препознава и признава светот, може да не афирмираат и да не однесат во семејството на ЕУ, што е приоритет на Македонија и македонскиот народ“, изјави Чифлиганец. Компаниите ја добиваат оваа награда по темелна анализа од страна на Европската бизнис асоцијација која ги оценува: развојот, општествена одговорност, извозниот потенцијал, развојот на интегративните процеси, проширувањето на дистрибутивната мрежа, зголемување на иновативното ниво, воведувањето на високи технологии во работењето, конкурентноста и квалитетот, употребата на современи стандарди, ефективниот ПР, одржувањето на постојан углед во бизнисот и вработување на висококвалификувани кадри.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката