Адвокатите на Груевски потврдија дека ќе бараат последна шанса за спас
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2018 16:24
Адвокатите на екс-премиерот Никола Груевски во понеделник ќе поднесат жалба до Кривичен. За дел од медиумите, тие изјавија дека ќе го искористат законскиот рок и по одбиената молба од Судот за одложување на затворската казна, сега ќе достават жалба до Кривичниот совет кој исто така има рок да одлучи во рок од три дена . Адвокатите очекуваат Кривиниот совет да одлучи најдоцна до 8ми ноември кога според упатниот акт Груевски треба да се појави во затворот во Шуто Оризари.
Адвокатот Боро Тасевски вели дека во решението на Судот за одбивање на молбата за одложување на затворката казна е наведено оти Судот смета дека отсуството на Груевски како пратеник не е на штета на Собранието. Адвокатите на Груевски побараа одложување на затворската казна поради пратенички обврски на Груевски во Собранието кога се расправа за уставните амандмани.
„Од оваа потврда не произлегува дека со извршување на казната затвор од страна на осудениот како пратеник во Парламентот на РМ, би настапила позначителна штета за Собранието со оглед на тоа дека одлуките се донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници, напишал Судот во Решението по барање за одложување на казната.
Груевски е осуден на две години затвор за поттикнување за извршување на делото за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




