20 Април, 2024
0.0270

АДВОКАТОТ НА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА МАГДАЛЕНА Е ПОЗИТИВНО ИЗНЕНАДЕН ОД ПРЕСУДАТА - ова е убедливо највисока казна во мојата кариера

Објавено во: Македонија 17 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Адвокатот на семејството на 11 годишната Магдалена, Јанаки Митровски, вели дека е задоволен од казната од 18 години затвор за Ангелче Николов од Велес, кој во декември минатата година во пијана состојба и со огромна брзина удри во мајка и ќерка на пешачки премин во Велес, при што Магдалена почина, а мајката беше тешко повредена. 

Митровски во свој статус на фејсбук пишува дека ова е највисоката казна во неговата кариера, а мисли дека е и рекорд во државата. Им оддава признание и на судијките кои работеле на овој случај.

„Ангелче Николов е осуден на вкупна казна затвор од осумнаесет години затвор. Ова е убедливо највисоката казна за овој тип дела во мојата кариера, а мислам дека е и рекорд во државата. Како што изјавив и за медиумите, ниедна санкција нема да биде сатисфакција за семејството, иако од кривично правен аспект и како адвокат на семејството на малата Магдалена, секако дека сум задоволен, па и позитивно изненаден.

Задоволен сум што судечкиот совет препозна дека (што го говорев и во моите завршни зборови) кај обвинетиот нема вистинско каење, немаше никаква емоција која на тоа би укажала, немаше плач во гласот, ниту една солза, ама баш ништо.

Признанието му го ценеа само во насока на побрзо завршување на постапката и никако поинаку. Како што истакнав пред два дена, судиите Габриела и Валентина се одлични судии...    

Уште еднаш браво за судиите Габриела и Валентина, не за мене!“, напиша меѓу другото Митровски.

Инаку, еве што објавија од Судечкиот совет.

Обвинетиот безобзирно го напуштил местото на несреќата, се криел повеќе од 30 часа, не се интересирал што се случило со оштетените. Самото пријавување судот не го зема како олеснителна околност. Двапати е казнуван за возење во алкохолизирана состојба. Признавањето на вината не се зема како олеснителна околност, затоа што судот не стекна предвид дека има кај него жалење и каење. Судот донесе пресуда – Ангелче Николов на 17.12.2022 управувајќи автомобил ‚мерцедес' стори тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на повредени лице во сообраќајна незгода, па за двете дела се осудува на единствена казна затвор 18 години“ соопшти Судскиот совет на денешното судење во Велес.

Николов доби и 5 години забрана за управување со моторно возило, а времето поминато во затвор не се зема предвид.

Претходно 28 – годишниот Ангелчо Николов целосно ја призна вината, но тоа не влијаеше Судскиот совет да изрече помала затворска казна.

Можеби ќе ве интересира

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите